Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 32°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Студентите во Тетово протестираа и денеска. Маршираа од центарот на градот до Државниот Тетовски Универзитет и поставија ултиматум. Доколку во следните 7 дена не се исполнат нивните барања, повторно ќе излезат на улица.

Студентите со ултиматум, „Имате рок од 7 дена, или се враќаме на улица“ - protest studenti tetovo 1

„Уште денеска, ние заедно ви велиме дека имате рок од 7 дена за да реагирате и да почнете со исполнување на нашите барања, и тоа да го направите јавно. Во спротивно ние немаме друга опција освен да се среќаваме секојдневно овде на плоштадот, пред Ректоратите на универзитетите и пред Министерството за образование и наука.“, изјави студент.

Студентите велат дека добивале закани од разни страни, но тоа не ги спречува да ги бараат нивните студентски права.

„Верувам дека ќе продолжиме со протести се додека не се земат предвид нашите барања и да се исполнат условите кои ги побаравме. Имавме разни притисоци, но ние и покрај тие закани, нема да се откажеме…“, изјави студент.

„Имаше притисоци, и од професорите и од партиски војници со цел да не излегуваме за реализација на нашите барања.“, изјави студент.

Од Тетовскиот универзитет велат дека барањата се уште не стигнале до ректоратот, така што бараат истите да бидат доставени по институционален пат.

„Ги покануваме студентите од Тетовскиот универзитет, по институционален пат да ги достават нивните барања. За другите студенти кои се на другите универзитети не сме надлежни за решавање на нивните барања. Ние се уште немаме добиено барање по институционален пат за да одговориме на вашите барања. Универзитетот е отворен, ве поканувам да седнеме во амфитеатрите не за да се пазариме, туку да дискутираме за проблемите што ги имате“, изјави Куштрим Ахмети од Тетовскиот универзитет.

Со пароли и скандирања, студентите побараа подобрување на квалитетот на образованието и универзитетскиот живот. Да се спречи продавањето на оценки и задолжителното купување книги, се дел од 15 барања упатени до Министерството за образование и Тетовскиот универзитет, до универзитетот на Југоисточна Европа и универзитетот Мајка Тереза. Студентите бараат и спречување на непотизмот на универзитетите, разрешување на професорите кои во образовните институции вршеле кривични дела, повторно разгледување на академските титули и проверка за плагијат.

Коментари

Коментари

Реклама