Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

23.01 / Сре
-2°24.01 / Чет
-1° -3°25.01 / Пет
-2° -8°26.01 / Саб
-4° -12°27.01 / Нед
-6° -17°28.01 / Пон
-7° -19°29.01 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Македонската православна црква според најновиот развој на настаните, не е повеќе над и надвор законите на Република Македонија- НОВА доби информација од  УЈП дека   “веќе се води постапка со цел да се утврдат состојбите во рамките на МПЦ-ОА – Скопје”.

НОВА открива: УЈП отворила постапка за даноците на МПЦ - stevan

Како што дознава НОВА од извори запознаени со анализите на финансиите на МПЦ, оваа постапка е отворена во 2018 година, а се однесува на утврдување на фактичката состојба- дали МПЦ плаќа даноци што е обврска на сите правни и физички лица, согласно надлежностите на УЈП.

Процедурата на УЈП започнува со постапка која подразбира анализа на даночните исполнувања на обврските кон државата. Доколку се увидат нерегуларности и злоупотреби во МПЦ, следува инспекциска контрола во соработка со другите институции кои се надлежни- Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, МВР.

Во целокупната процедура, доколку се увидат финансиски малверзации, би биле вклучени и Катастарот и  Централниот регистер, од каде би се црпеле информации за имотната состојба на МПЦ, за вработените, пријавување на имотот, како и на останатите добра, потоа плаќање на даночните обврски кои се однесуваат и на имотот, платите и останатите приходи, како и целосната финансиска слика, која би ги дала сите информации и детали за состојбите во Црквата, но и генерално, нејзината финансиска моќ.

Зошто МПЦ не поднесувала завршна сметка

Најновите документи на Централниот регистер кои ги доби НОВА, покажуваат дека МПЦ не поднела годишна сметка во периодот од 2001- 2006 година, додека за периодот од 1992- 2000 година Централниот регистар на РМ не располага со податоци, се вели во одговорот до НОВА на оваа институција.

Мора да се има на ум дека Централниот регистер е формиран 2006 година, но тоа не повлекува ниту подразбира  криење или уништување на податоците од претходните години- сите документи се преземени од Заводот за платен промет, од кој прераснува институцијата Централен регистер. Оттука, Централниот регистер поседува архива на претходните години, која е наследена од претходната инситуција- Заводот за платен промет.

Коментари

Коментари

Реклама