Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Извесен бизнисмен Ервин Сејфула, сопственик на „Манора логистик маркетинг ДОО“ во ТВ21 тврдепе дека е жртва на министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Аднан Ќахил. 

Бизнисмен го пријави Ќахил во Финансиска полиција - adnan kjahil

Бизнисменот за телевизијата тврдеше дека обвинувањата на министерот дека тој претходно му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели, се лага. За ова, тој јавно во ТВ 21 покажа документ, со кој се гледа дека некој насила сакал да му го одземе бизнисот, а за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.  Во предаденото досие во Финансиска полиција, кое го имаше на увид и ТВ 21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора логистик маркетинг ДОО“.

Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата. ТВ 21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста. Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. 

ТВ 21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот. 

Коментари

Коментари

Реклама