Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата.

Нинџа во сведочењето ги разоткри дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за Крвавиот Четврток - aleksandar vasilevski nindja 289329328 min

Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.

Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.

Тој понатаму продолжи:

Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.

Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Грујевски добил повик  дека  поради притисок на странски фактор кај Иванов, вонредна состојба нема да има

„Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките“, сведочи Нинџа.

Потоа, како рече Нинџа, Никола му се јавил на Атанасовски и му кажа дека внатре ситуацијата излегла од контрола. Директорот на УБК цинично одговорил: „Комуњарите сакаа да бираат претседател? Така им е!“.

„Во штабот на осми кат е и лицето шеф на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски, и во секој момент може да биде прогласена воена состојба. На една од клупите во Жена парк го сретнав Горан Грујевски. Со него беше Дракче од Крива Паланка од секторот за обезбедување и документирање. Поседов со него, Бошкоски отиде кај колегите од УБК. Горан ми кажа дека под прикриени операции внатре има луѓе од военото разузнавање. Секој момент ќе биде прогласена. Одеднаш доби повик. Рече: ’Ова не е на арно. Некој друг ја презеде контролата!‘, сведочи Нинџа.

„Ова што го видов на осми спрат, го видов само јас. Остана длабоко во мене!“, се чудеше денеска Нинџа.

„Подоцна уште еден повик доби Грујевски: ’Вонредна состојба нема да има! Под притисок на странски фактор кај претседателот Иванов!”, рече Нинџа.

Нинџа во сведочењето ги разоткри дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за Крвавиот Четврток - Durlovski Damovski i Betmen min

Бетмен, Дурловски, Дамовски и Јовановски биле фиктивни водачи, контролирани од ВМРО-ДПМНЕ

„Највпечатлив говор од сите на протестите пред ДИК на Александар Василевски Нинџа му бил ’Ноќта на ножевите‘, како што го нарече говорот на Валентина Божиновска, но и тој на Никола Груевски, со папучите. Во февруари почнаа протестите на ’За заедничка Македонија‘, предводени од фиктивни водачи: Борис Дамовски, Игор Дурловски, Бетмен и Владо Јовановски, контролирани од структури на ВМРО-ДПМНЕ“, сведочеше Александар Василевски-Нинџа.

Тој кажа дека имал задача од директорот на УБК Владимир Атанасовски во присуство на прикриен агент да направи разговор со Игор Југ дали е прозападен или проруски. На средбата дошол и Јане Ченто и се сликале.

„Бетмен, Дурловски, Јовановски и Дамовски ги гледав во палатата на ВМРО-ДПМНЕ. Одеа кај Кирил Божиновски, познат како благајникот на ВМРО-ДПМНЕ. Тврдам дека 80 посто од луѓето на протестите беа од ВМРО-ДПМНЕ. Само 20 посто беа обични граѓани.

Фиктивните водачи Дамовски, Дурло, Бетмен…… држеа потпалувачки говори. Скандираа против Тиранска платформа, за унитарна држава. Членството на ВМРО-ДПМНЕ ги следеше“, кажа Нинџа.

Коментари

Коментари

Реклама