Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Со години стимулираме образовен систем кој креира кадар што не може да ја реализира својата практична примена во реалната економија, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Идната година 16 милиони евра за преквалификација на кадри - fitr svecena sala vlada

Со силна медиумска кампања за промоција на стручните занимања и стручното образование, Владата и невладиниот сектор ќе ја подигнуваат свеста кај младите и нивните родители за значењето на овој тип образование и занимања и предностите што тие ги имаат. Меморандум за соработка денеска во Владата потпишаа министрите за образование и наука и за труд и социјална политика, Арбер Адеми и Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, и претставници на проекти што се спроведуваат со поддршка на УНДП, УСАИД и Швајцарската агенција за соработка.

Компаниите денес се соочуваат со голем проблем – нема соодветен, стручен и професионален кадар, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

- Со години стимулираме образовен систем кој креира кадар што не може да ја реализира својата практична примена во реалната економија. Имаме многу универзитети, главно гимназиски средношколски систем кој промовира универзално знаење. Тоа е главно неприменливо по завршувањето на образованието. Спроведуваме итни мерки за преквалификација, преобука, дообука на кадри за потребите на реалниот сектор, но и со системски мерки кои подразбираат создавање на професионални средни стручни училишта и реформа на системот на високо образование. Мора да ја подигнеме свеста кај учениците и родителите дека со квалитетно стручно образование ќе имаат квалитетно и стабилно вработување - рече Анѓушев.

Адеми смета дека со изборот на средно стручно образование најважно е ученикот да знае дека кога ќе заврши со учење, ќе може веднаш да добие работа и добра плата. Тој вели дека во МОН многу се залагаат да го унапредат квалитетот на стручното образование.

Министерството за труд и социјална политика ги креира и спроведува политиките, проектите и мерките за намалување на невработеноста. Министерката Царовска најави дека за наредната година располагаат со рекордни 1 милијарда денари за преквалификација.
- Сметам дека ќе го подобриме недостигот на стручен кадар во Македонија – вели Царовска.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Сутер, рече дека нејзината земја е позната по своето стручно образование и обука и нагласи дека постојано треба да се подобрува системот за стручно образование и обука и да се приспособува на динамичната економија.

Според Деспотовски, целта на кампањата е да се смени свеста, особено кај младите. Тој вели дека по завршувањето на стручно образование во Македонија, Фондот ќе ги поддржи да се усовршат во странство.

Меморандумот го потпиша и УСАИД. Директорката на канцеларијата во земјава, Ненси Годфри, нагласи дека дел од решението за недостиг на стручната работна сила е промоција на стручните занимања како прв избор.
- Со тие вештини младите можат да бидат и претприемачи. Да се биде стручен столар, механичар, заварувач или фризер, тоа претставува можност за самовработување или за отпочнување на мал бизнис. Истовремено, им овозможува на работниците да имаат поголема моќ во преговорите со работодавците, ако се одлучат за таква кариерна патека - рече Годфри.

Коментари

Коментари

Реклама