Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Не се најбогатите најпогодени од најавената даночна реформа! Најпогодени се половина милион граѓани претежно со средни и ниски примања кои надежта за излез од финансиската криза ја бараат во игрите на среќа. Ним, кога конечно ќе им се насмевне среќата, тогаш на државата и отстапуваат 10% од добивката, а од јануари ќе и отстапуваат 15%.

Новите даноци ќе ги истераат и тие што најуредно веќе ги плаќаат постојните даноци - broenje pari

Очекувано и логично е играчите на игри на среќа да бараат начини да го избегнат данокот, не е тоа ништо ново, таа појава е секогаш присутна кога се зголемуваат даноците. И до сега играчите наоѓаа начин за даночна евазија преку играње игри на среќа на интернет на странски сајтови. Странски, бидејќи во Македонија има само еден таков легален сајт (2win.mk) но истиот има послаба понуда од странските а и на него играчите би требало да платат данок на добивките.

Играњето игри на среќа на странски интернет сајтови во Македонија на хартија е забрането, но во пракса функционира одлично и тоа на големо. Интернетот во Македонија е преплавен со реклами од сајтови за игри на среќа и обложување на интернет. Некои од нив се и целосно приспособени за клиентите од Македонија – се користат: македонски јазик, македонски денари, македонска корисничка поддршка итн.

Кој губи, а кој добива од ваквата ситуација? Да започнеме од губитниците, најголем губитник се околу половина милион играчи на игри на среќа кои доколку продолжат да играат по легален пат треба добар дел од својата добивка да и ја препуштат на државата а она што дополнително ги оптоварува е тоа што државата не ги зема во предвид сите нивни влогови, односно ги засметува само влоговите кога они добиваат.

Втор губитник се приредувачите на игри на среќа, кои полека ги губат клиентите од причина што државата финансиски ги исцрпува, а и се поголем дел од нив се преориентираат кон обложување на интернет во странство.

Трет и не така мал губитник ќе биде државата, која по прелевањето на играчите во нелегално но и несанкционирано обложување на интернет губи се повеќе приходи во буџетот. Кога ќе се стави се на кантар, сите во државава губат а единствен кој добива од ваквата ситуација се странските сајтови за игри на среќа и спортско обложување.

A1ON

Коментари

Коментари

Реклама