Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Кривичниот совет ги отфрли жалбите на адвокатите на Никола Груевски на жалбата што Груевски  лично ја поднесе за одложување на затворската казна, пренесе НоваТВ.

Кривичниот ги одби жалбите, Груевски оди во затвор - gruevski dodevski sud 87324783247

Во одлуката на Кривичниот совет пишува дека „по ценење на фактите и доказите во жалбите Кривичниот совет донесе решение со кое го одби жалбите и го п0тврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“.

Ова значи дека во моментот кога ќе го добие решението од Кривичниот суд, Груевски треба да се пријави во затворот во Шутка.

Груевски е осуден на двегодишна казна затвор за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство кое се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илајди евра.

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание и осуден на двегодишна затворска казна, додека Ѓоко Поповски кој се товареше за злоупотреба на службената положба и овластувања беше осуден на шест и пол години затвор но потоа Апелација му ја намали на четири и пол години затвор. За овој случај,во раздвоена постапка, шест години затворска казна доби и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Собранието денеска не изгласа одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, бидејќи немаше двотретинско мнозинство. Со тоа тој и додека е во затвор ќе биде пратеник со оправдано отсуство.

Коментари

Коментари

Реклама