Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

По Рангелова и Затуровска, оставка од Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ поднесе и пратеничката Лилјана Кузмановска.

Трета оставка во Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ -

Според информации на НОВА ТВ, Кузмановска поднела оставка од функцијата потпретседател на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ .

Од ВМРО- ДПМНЕ за НОВА ТВ велат дека оставката на претседателката на Унијата на жени, Рангелова ,ќе биде разгледана на утрешната седница на Извршниот комитет на партијата и доколку биде прифатена ќе се отвори процес за избор на ново раководство на Унијата на жени. Според истите извори, претседателката на Унијата е таа што треба да го предложи и новиот тим – генерален секретар и потпретседател на Унијата.

„Ние остануваме посветени на борбата против актуелната власт. На овој пат многу луѓе ќе се поколебаат но сите што сакаат да помогнат во уривање на власта на Заев се добредојдени“ велат во ВМРО ДПМНЕ.

Даниела Рангелова се повлече од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ поради несогласување со политиката на новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ. По неа, оставка од позицијата генерален секретар на партијата поднесе и пратеничката Лилјана Кузманоска.

Коментари

Коментари

Реклама