Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -7°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Дури и ако за опозицијата е тоа тешко, нашата препорака гласи - да му се даде поддршка на договорот, вели во интервју за ДВ заменикот шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Јохан Вадефул.

Вадефул: ВМРО-ДПМНЕ треба да каже „да“ во парламентот - vadeful dw 44146794 303

ДВ: Господине Вадефул, македонската влада во понеделникот му го достави на парламентот предлогот за уставни измени. Сега заседава парламентарната Комисија за уставни прашања. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се присутни на седницата, но досега го повторуваат своето „не“ за уставни измени. Вие минатата недела оценивте дека од одлучувачко значење е да се постигне двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени и за промена на името. Сметате ли дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, или барем дел од нив, ќе гласаат „за“?

Д-р Јохан Вадефул:Тоа би била во најмала рака мојата надеж и, искрено речено, и мојата желба. Се разбира, ние можеме само да апелираме и ја сфаќаме тешката состојба во која се наоѓаат (пратенциите, н.з.). Секој пратеник, се разбира, мора самиот, со своја совест, да одлучи што смета дека е најдобро. Но, од наш агол погледнато, Македонија е дел од евроатлантската заедница и не веруваме дека во блиска иднина има друга алтернатива, освен онаа која сега е најдена. Затоа, дури и ако за опозицијата е тоа тешко, нашата препорака гласи - да се оди по тој пат и да му се даде поддршка на договорот со тоа што за тоа ќе се гласа и во парламентот. Ние, како германски политичари, долги години се залагавме да се оди во таа насока, да се отвори патот и сега конечно е отворена една врата низ која сакаат да минат и Македонија и Грција. Мислам дека ваква шанса нема да се создаде повторно толку бргу. 

ВМРО-ДПМНЕ е дел од семејството на Европските народни партии (ЕПП). Има ли ЕПП механизми со кои може да се изврши некаков вид притисок за најголемата опозициска партија во Македонија да се натера на промена на ставот?

Не, ние се обидуваме да убедуваме со аргументи и опозицијата знае дека сме пријателски поврзани. Познавам многу колеги од ВМРО-ДПМНЕ и често сум разговарал со нив. Единствени сме околу целта дека Македонија треба да биде примена во евроатлантската заедница. Сега е најден патот и иако некој го смета за проблематичен, мора да се постави прашањето - има ли алтернатива? Јас, реално погледнато, не гледам алтернатива во иднина. Затоа, нашата препорака до сите пријатели едноставно е да се оди по овој пат и да се гласа соодветно во парламентот и да се гледа доброто за земјата, која на крајот треба да се најде во Европа и во атлантската заедница. Многу се надевам дека нашите аргументи се уверливи.

Целото интервју на следниот линк.

Коментари

Коментари

Реклама