Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -7°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април, Никола Војминовски денеска сведочи за настаните на крвавиот четврток во Собранието во случајот кој се води против 33 други лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на крвавиот четврток.

На 27 април пратеникот Арнаудов се јавил да влегуваат, Иванов требало да прогласи воена состојба и да апси - sobranie upad

Тој кажа дека на протестите почнал да учествува откако контактирал со роднина, но и со заменик министерот во МВР во техничката влада Оливер Андонов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и со лице по име Љупчо кој, како што кажа, е вработен во МВР. Во неговото сведочење тој откри комуникација со пратеници, како и дека лица од обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски, кој во тој момент беше во Виена, биле во Собранието. Од разговорите кои ги слушал пред 27 април, сведокот посочи дека било планирано претседателот Ѓорѓе Иванов да прогласи воена состојба и да апси.

– Претежно протестите беа мирни каде приметив една отстапка. Тоа беше средба помеѓу господин со брада и црна коса во еден ќош спроти Владата на Република Македонија кој разговараше со господинот Оливер Андонов во кој што разговор слушнав „Не е проблем, продолжете вие како сакате. Но јас ќе ја известам јавноста за вашите средби”, со некои со девојки бидејќи имал снимки – рече сведокот.

На 27 април тој рече дека додека биле пред Владата разговарал со некој Дарко од протестите кој давал интервју за некоја телевизија и потоа му рекол дека ќе оди оти има некоја работа.

Пред Собранието се почнало вообичаено како и секој ден откако во еден момент народот на мобилните телефони видел дека се избира Талат Џафери за претседател за што завладеал голем револт.

– Бидејќи имав болки од претходна операција, се упатив кон моето возило кое беше паркирано кај Камениот мост. Како што се движев по патот, ми пристигна повик од господинот Љубен Арнаудов пратеник, кој го познавав претходно преку мојата братучетка. Бараше некое лице со зборовите: „Каде сте, што правите? Ајде влегувајте. Не се вратив назад, продолжив да си одам оти требаше да се видам со девојката. Следеше уште еден повик од Дарко кој ми рече: „Абе брат кај си, овие влегоа внатре?”. Јас на тоа почнав полека да се движам спрема Собранието. Се упатив спрема пленарната сала. Во еден момент го приметив господинот Сашо Василевски, пратеник, кој исто го познавам од претходно. Го прашав што се случува, но тој ми рече: „Оди те вика господинот Арнаудов”. Му пријдоа на Арнаудов и го прашав што е ова, хаос е и како да излезам. Не слушнав некој одговор само ми покажа некој правец каде имаше лица со радио врски, оружје, значки. Како што ги познавам тие се лица дел од обезбедувањето на бившиот премиер Никола Груевски. Имаше и маскирани лица со нив кои го трасираа патот до салите – рече Војминовски.

Одговарајќи на прашање на обвинителката Вилма Рускоска, сведокот рече дека и претходно имал комуникација со пратеникот Арнаудов, а откри и дел од разговорите помеѓу пратеникот и Оливер Андонов.

– Имаше средби. Едната се случи пред Собранието. Господинот Арнаудов беше потпрен на оградата во тој момент со мене беше и Оливер Андонов и некои други лица. Имаше разговор помеѓу Оливер и Арнаудов дека единствено решение на тие случувања е токму тоа што се случи на 27 април, а тоа е дека ќе ги отворат вратите на Собранието и толпата да влезе внатре. И тоа и се случи. Исто така и дека претседателот на Република Македонија ќе прогласи воена состојба и ќе бидат уапсени одредени лица – рече сведокот.

Коментари

Коментари

Реклама