Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

17°

Временска прогноза

17° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во интервју за МИА, еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, зборува за престојниот референдум но и за неговото доаѓање во Македонија идната недела.

Јоханес Хан: На Македонија и се заканува можна изолација доколку не помине референдумот - johanes han 696x464

– Зборуваме за состојбата на медиумите во регионот на Западниот Балкан, не само од перспектива на новинарите, туку и од економски агол, од перспектива на сите сектори, социјални медиуми, печатени медиуми, каква е состојбата со медиумите, за јавниот сервис кој е под притисок во некои земји, нивната независност, како да се обезбеди нивната финансиска независност, образованието и обука на новинари, сево ова ќе се разговара. По настанот лани одлучивме следниот да се одржи во Скопје. Исто така и за да се поддржи позитивниот развој од последнава година.

 

Доаѓате во критичен период за Македонија бидејќи референдумот треба да се одржи. Ќе ја искористите посетата за да се сретнете со министри? Со граѓани?

 

– Ова е позитивна коинцинденција, за датумот одлучувавме пред месеци. Но сега ќе ја искористам посетата за да зборувам повторно со Премиерот и со лидерот на опозицијата, а ќе имам и дијалог со граѓаните во Штип. Затоа што сметам дека е корисно европските челници да објаснат кои се добрите и лошите страни на референдумот, но на крајот  одлуката е на граѓаните на ПЈРМ, сѐ уште морам да велам ПЈРМ.

 

Ќе зборувате со граѓаните, што ќе им кажете за да ги убедите?

 

– Тоа е нивен избор. Ние инвестиравме многу за да ја вратиме земјата на евроатлантскиот пат. Видовме со години блокада за европските аспирации, како Комисија повеќе пати препорачавме почеток на преговори но тоа не беше возможно. Сега имаме можност, тоа ќе биде резултат на договор помеѓу Грција и ПЈРМ за спорот за името. Разбирам дека никој не е задоволен, ниту во ПЈРМ, ниту во Грција, што е често знак дека компромисот не е толку лош. Така што треба да се премери што значи да се стане членка на ЕУ и кои се последиците ако тоа не е возможно. Бидејќи ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата.

 

Ако референдумот не помине, ако нема договор со Грција, Македонија го губи патот кон ЕУ?

 

– Да… ќе биде блокирана и има ризик од изолација, која не би ја нарекол прекрасна изолација, и која дефинитивно ќе го забави економскиот и социјалниот развој на земјата. Работиме на тоа земјата да стане полноправна членка на Унијата, но не се работи за зачленување во ЕУ туку за подобрување на условите за живот на граѓаните, да се има перспектива да се остане во земјата, да не мора да заминуваат од земјата. Не би требало во 21 век целта на една земја да биде да зависи од дознаки и слично. Идејата е да се создаде нешто повеќе ако има европска перспектива, членство, тоа ќе привлече меѓународни компании, компании кои ќе создаваат работни места, ако има повеќе индустрии во земјата тоа влијае врз мали и средни претпријатија бидејќи тие имаат фунцкија на добавувачи, сѐ заедно е стимулирачки за економијата. Ако економијата е меѓународно ориентирана тоа влијае врз квалитетот на владеењето на правото, независноста на судството и за крај мислам дека е нешто што го бараат луѓето.

 

Минатиот пат кога ве интервјуирав бевте уверени дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, тоа не се случи на јунскиот Совет за општи работи, Македонија доби условен датум. Критичарите на договорот велат дека прифаќањето на договорот не гарантира дека вгодина нема повторно да биде Македонија блокирана од страна на Франција, Холандија или други. Кои гаранции им ги давате на Македонците дека менувањето на името ќе значи забрзување на процесот и добивање на датум?

 

– Не би бил сериозен политичар ако ви дадам стопроцентна гаранција, тоа не е возможно, но слушајќи ги медиумите, и сите после Советот за општи работи, и претседателот Макрон, мислам дека ако земјата ги исполни ветувањата тогаш е многу реално дека ќе можеме да ги исполниме роковите. И уште еднаш, не е само решавањето на спорот со името, има и други елементи кои треба да се исполнат. Може да разговараме за формулациите, но содржински нашите процедури не би биле различни дури и да беше различно формулирано. Затоа што во секој случај ние мораме да го подготвиме отворањето на преговорите, на начин што кога ќе го добиеме зелено светло, кон средината на идната година, тоа ќе биде возможно само ако домашните задачи се направени дотогаш од страна на владата во Скопје. И тоа не е само спорот со името, туку и натамошното имплементирање на Итните Реформски Приоритети, извештајот на Прибе итн. Има многу други елементи кои се потребни за следниот чекор, но сум доста уверен дека сето тоа е изводливо, посебно доколку овој оптимистичен пристап свртен кон иднината е основа на сето ова. Сите овие одлуки не се за да ни се допаднат нам во Брисел, туку се сопствена одлука на граѓаните за сопствената иднина. Во рацете на сите македонски граѓани е нивната лична перпсектива.

 

– Во својот говор за Состојбата на ЕУ, претседателот Јункер за прв пат искористи многу слаба фраза за Западниот Балкан и прошрирувањето, не ја потврди европската перспектива за регионот, само ги повика земјите членки да го дефинираат својот став. Дали сте разочарани од ова и зошто толку млака порака?

 

– Воопшто не. Минатата година тој испрати многу храбра порака која ја поттикна нашата стратегија и врз основа на оваа стратегија видовме многу позитивен развој и сега сме во процес на имплементација. Би рекол дека оваа година не беше потребно да се помине многу време на оваа тема затоа што сѐ е на пат, нема што да се додаде, на сите нас е да имплементираме. Неговиот говор минатата година беше отворањето на сите активности што ги имавме во меѓувреме, кои започнале или се заклучиле. Јасно беше дека се концентрираше на други области каде прогрес е потребен бидејќи тоа е намерата на таков говор, да се рефлектира врз направеното и да се укаже на тоа што треба да биде направено. И во случајот на земјите од Западниот Балкан сѐ е јасно, сѐ е кажано повеќе пати од повеќе луѓе и сега е на сите нас кои работиме на ова дневно да го искористиме овој момент понатаму. Што ќе биде поддржано од тоа што следните претседавачи со ЕУ се сите многу посветени на проширувањето кон Западниот Балкан. Има навистина позитивна политичка атмосфера, треба да се искористи, во тој поглед сѐ е јасно и ако нешто е јасно нема потреба да се зборува многу за тоа туку да се делува.

 

Не е промена на став на ЕК значи?

 

– Напротив. Потврда е.

 

Што се однесува до Косово и Србија и разговорите за промена на границите, дали позицијата на ЕК е сега јасна за ова? ЕК е за или против такво решение ако двете страни се договорат?

 

– Разбирам дека има голем интерес, иритација или ако гледате позитивно – љубопитност за содржината на дијалогот, но сметам дека е прерано да се дават дополнителни изјави. Дијалогот го посредува високата претставничка Могерини и нејзиниот тим, разбирам дека интензивно се преговара и со право не секогаш најавени во јавност. Но е прерано за дополнителни коментари од досегашните. Мислам дека треба да им се овозможи да влезат во овие преговори со отворен пристап. Се разбира ги знаат меѓународните обврски и загриженост и мислам дека целата приказна добро е отсликана во реченицата “секое билатерлано решение во регионот треба да придонесе за повеќе стабилност и просперитет и издржливост во регионот“. Не може билатерално решение да биде на сметка на други, напротив. Мора да биде нешто што дополнително придонесува за општата цел – да бидат сите шест земји порано или подоцна во ЕУ. Бидејќи ова е целта на ЕУ – да бидат сите земји внатре затоа што е единствен начин за одржливо и сигурно решавање на споровите во регионот, и целиот концепт  нема да биде успешен ако членки станат само две или три земји. А другите да останат надвор. Тоа нема да донесе стабилност во регионот, напротив. Нашето разбирање е сите шест да влезат, но, се разбира, тоа да биде направено на начин секој билатерале договор да придонесе за општата цел.

 

Тоа не одговара на прашањето дали ЕК е против размена на територии или корекција на границите?

 

– Ова е одговор. Кога велам да влеземе во преговорите со отворен пристап и ваков договор ќе содржи многу, многу елементи. А ова може ќе биде дел крајна сложувалка. Земете го за пример договорот меѓу Атина и Скопје. Сите зборуваат за придавката “северна“, но договорот содржи 35 или 40 страници и набројува елементи во разни области. Претпоставувам дека договор меѓу Белград и Приштина ќе се состои од повеќе од 35 страници, затоа е преоптимистично да се мисли дека ќе биде сторено за неколку недели.

 

Тоа сакав да ве прашам – дали е можен договор во наредната година меѓу Косово и Србија?

 

– Би требало да биде наша цел да имаме договор до средината на идната година. Исто така затоа што ќе има нова Комисија, нов висок претставник и сѐ треба повторно да се започнува и нема работите да бидат подобри ако се продолжат работите. Мислам дека сите инволвирани страни се свесни кој е влогот, што е реално, што е можно, но сега треба да ги оставиме да преговараат како во други области билатерлани разговори се потребни за да се решат сите спорови кои се предуслов за влез во ЕУ.

Коментари

Коментари

Реклама