
Од сеопфатната анализа и истражувањето на тема “Референдум во Македонија 2018: Македонија избира помеѓу (само) изолација и евро-атлантска иднина?” ги објавуваме најважните и најинтересните делови.
Анкета на ИФИМЕС: 63.6% ќе излезат на референдум, 67,3% се за членство на ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името
Меѓународниот институт ИФИМЕС спроведе истражување на јавното мислење во периодот од 1 до 10 септември 2018 година со методот на темелни теренски интервјуа на територијата на Република Македонија во сите шест изборни единици.
Стандардна девијација +/- 3.
Контрола на 10% од примерокот.
Сигурност стапка 95%.

Примерокот е случаен троетапен и вклучува 1.218 испитаници, возрасни граѓани на Република Македонија, двата пола. Во анкетата, 72 случајно избрани испитаници не сакаа да учествуваат, 46 не одговараа на одредениот пример. Демографските податоци се од Државниот завод за статистика на Македонија. Структурата е приближно усогласена со испитаниците од урбаните и не-урбаните средини. Етничката, родовата, возрасната, социјалната и образовната структура на испитаниците соодветствуваат на структурата на населението на Република Македонија врз основа на податоците на Државниот завод за статистика на Македонија.
Коментари
Коментари