Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

18°

Временска прогноза

18° 25.09 / Вто
11° 26.09 / Сре
12° 27.09 / Чет
14° 28.09 / Пет
15° 12°29.09 / Саб
14° 11°30.09 / Нед
21° 01.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, прозборе јавно на македонски јазик, нешто што не е во негов стил иако е претседател на својата партија од 2002 и од тогаш па до денес само две години не беше коалиционен владин партнер.

 

Ахмети одржа говор на македонски јазик пред граѓаните во Пласница во рамки на кампањата за убедување на населението на што помасовна излезеност на референдумот на 30 септември за прифаќање на Спогодбата од Преспа.

„На 30 септември да излеземе и да гласаме ако сакаме подобра иднина. И не само ние што сме овде, туку од врата на врата, пошто се гласа за нашата иднина, на изборите, за овој историски момент.“, вели во говорот Али Ахмети во видеото што го објави ТВ21.

За безбедност на Македонија, за подобра иднина и подобар меѓуетнички однос со соседите, треба да излеземе сите и да гласаме „За“на референдумот, додаде тој.

Коментари

Коментари

Реклама