Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

21.11 / Сре
22.11 / Чет
23.11 / Пет
24.11 / Саб
25.11 / Нед
10° 26.11 / Пон
27.11 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Од недела стартуваат Интернационалните ликовни работилници - Интернационална сликарска колонија, Интернационалниот скулпторски симпозиум „МЕРМЕР“, Интернационално студио за пластика во дрво, Интернационално атеље за скулптура во метал и Интернационално атеље за уметничка фотографија на ЦСЛУ Прилеп.

Интернационални ликовни работилници од 24 јуни до 4 јули 2018 во Прилеп - cslu summer 2018 02

Посебен акцент годинава ќе биде ставен на 55 годишното опстојување на Интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер, кој започнал од 1963 година и трае се до денес. Овој јубилеј ќе биде одбележан на 29 јуни.

Во  симпозиумот оваа година ќе земат учество Giuseppe Strano Spitu – Шпанија, Марина Стопоња – Хрватска, Татјана Каравелиќ – Србија, Милија Стојановиќ – Црна Гора, од Македонија Давид Атанасоски и Никола Смилков, кој е дел од организацијата на 55тиот Интернационален скулпторски симпозиум „МЕРМЕР“.

Кога се говори за историјата и почетоците на  Интернационалните скулпторски симпозиуми, тогаш неизбежно е да се спомне Движењето на Интернационалниот Скулпторски Симпозиум предводено од  Карл Прантл во Австрија во 1959 година. Оваа иницијатива се зголемува заедно со појавата на потребата од  полесна комуникација и размена  помеѓу меѓународната скулпторска заедница. И така првиот Интернационален Скулпторски Симпозиум се одржува во напуштен каменолом во Санкт Маргаретен во Бургенланд, каде се собираат скулптори од целиот свет за да создадат постојано јавно уметничко творештво од локален камен, динамика која ќе обезбеди модел за многу Симпозиуми кои следат.  Од тогаш наваму се одржуваат скулпторски симпозиуми во многу градови низ целиот свет, а ние можеме со гордост да потенцираме дека токму нашиот Интернационален Скулпторски Симпозиум „Мермер“ – Прилеп е еден од првите во светот , поточно во 1963 година, шест години по формирањето на првата Интернационална Сликарска Колонија, се појавува  желба  како и потреба за организирање на нова ликовна манифестација во Прилеп. Низ манифестацијата во текот на овие 55 години имаат поминато  164 скулптори од  Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Италија, Романија, Унгарија, Полска, Баку,  Русија, Португалија, Германија,  Швајцарија, Шведска, Холандија, Англија, Франција,  САД, Јапонија, Аргентина, Канада, Австралија и Израел

– велат организаторите од ЦСЛУ.

Во Интернационалното атеље за скулптура во метал годинава ќе учествува нашиот скулптор Маријан Стојаноски, додека Интернационалната сликарска колонија со дела  ќе ја збогатат сликарите Ивана Настевски, Ѓоко Антониев, Наде Тоскоска, Драшко Михајлоски, Лепа Милошеска, Елизабета Макеска, Александра Богоеска, Анита Сотироска, Верче Николоска, Маја Најдоска, Емилија Ѓорѓиоска, Александар Џинго, Павлина Илиеска, Васил Костов, а во Интернационалното студио за уметничка фотографија ќе творат Јане Темелковски и Божидар Барлакоски. На Интернационалното студио за пластика во дрво  ќе твори Методи Исков, а изненадување ќе биде  реализацијата на идејата на нашиот прилепчанец Емил Димоски.

Творците ќе имаат 10 дена уметничко дружење и творење. Десет дена уметност која останува и ќе ги потсетува наредните генерации за постоењето на ЦСЛУ.

Интернационални ликовни работилници од 24 јуни до 4 јули 2018 во Прилеп - cslu summer 2018

Куса историја за Центарот за современа ликовна уметност–Прилеп

Главни виновници за постоењето на  ЦСЛУ се проф. д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар проф. Ристо Лозановски и нивната идеја и желба да се внесе ликовната уметност во средината во која живееме. Идејата се раѓа есента 1956 година, за да конечно се реализира 1957 година, со формирањето на Центарот за современа ликовна уметност и во негови рамки првата ликовна манифестација во Прилеп, сега веќе една од најстарите ликовни колонии на Балканот и во Југоисточна Европа. Центарот се развива со текот на годините за да на крај се претвори во угледна општествена организација во земјава и надвор од неа.

Колекциите на ЦСЛУ во Прилеп, овозможуваат избор на најразновидни експозиции од областа на сликарските и вајарските дисциплини. Творците од различни ликовни средини од земјава , Европа и другите континенти, во текот на годините завреме на летните сеанси создаваат творби со кои ја збогатуваат ликовната уметност и ризницата во Прилеп.

Покрај творењето за нас важна е и комуникацијата и дружењето на ликовните творци од различни културни средини и од наша страна пријателскиот однос кон уметниците и презентацијата на богатствата на Р. Македонија по кои ќе не паметат. Ова ни дава за право да кажеме дека ликовните атељеа во овој извонреден творечки амбиент, овозможуваат експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност, придонесувајќи за тамошниот нејзин развој.

Во текот на нашето постоење се стремиме кон зголемување на консументите на културниот производ, како и регрутирање на нови консументи меѓу младата популација, и се залагаме за целосна заштитана културните објекти.

 

Основни податоци за работилниците:

  • Интернационална сликарска колонија
  • Основана 1957 година на иницијатива на  д-р. Бошко Бабиќ и академскиот сликар Ристо Лозаноски, се одржува  во континуитет
  • Интернационален скулпторски симпозиум – “МЕРМЕР“
  • Основан во 1963 година на иницијатива на д-р. Бошко Бабиќ, се одржува во континуитет
  • Интернаионално студио за пластика во дрво
  • Основано во 1971 година на иницијатива на д-р. Бошко Бабиќ , се одржува во континуитет
    Во 1974 година овие три манифестации влегуваат како дел од новоформираниот Центар за современа ликовна уметност –Прилеп (ЦСЛУ-Прилеп), а од 1980 година до денес, ЦСЛУ-Прилеп делува како посебен правен субјект.
  • Интернационално атеље за витраж
  • Основано во 1975 година на иницијатива на д-р. Бошко Бабиќ, се одржува повремено
  • Интернационална работилница за керамика
  • Основана во 1975 година на иницијатива на д-р. Бошко Бабиќ, се одржува повремено
  • Интернационално атеље за уметничка фотографија
  • Основано 1978 година на иницијатива на д-р. Бошко Бабиќ, се одржува повремено
  • Интернационално атеље за графика
  • Основано во 1981 година на иницијатива на Диме Јанески долгогодишен раководител на ЦСЛУ-Прилеп, се одржува повремено
  • Интернационално атеље за мозаик
  • Основано во 1982 година на иницијатива на Диме Јанески долгогодишен раководител на ЦСЛУ-Прилеп, се одржува повремено
  • Интернационално атеље за скулптура во метал
  • Основано во 1984 година на иницијатива на Диме Јанески долгогодишен раководител на ЦСЛУ-Прилеп, се одржува во континуитет
  • Интернационално студио за пластика во пластика
  • Основано во 2004 година на иницијатива на Диме Јанески долгогодишен раководител на ЦСЛУ-Прилеп и академскиот скулптор Предраг Јаневски, се одржува повремено
  • Интернационално студио за меил-арт
  • Основано во 2015 година на иницијатива на Горан Ристески  раководител на ЦСЛУ-Прилеп, се одржува во континуитет

Во текот на нашето постоење ЦСЛУ имал учесници од : Македонија, Србија, ЦрнаГора, Хрватска, Словенија, Босна, Австрија, Полска, Израел, САД, Белгија, Унгарија, Русија, Бугарија, Франција, Швајцарија, Англија, Норвешка, Јапонија, Романија, Германија, Шведска, Италија, Финска, Португалија, Грција, Мексико, Сенегал, Алжир, Ирак, Турција, Австралија, Куба, Аргентина, Албанија, Кипар, Кина, Малезија и Египет. Во посебните многубројни признанија кои ги доби ЦСЛУ за својата работа, посебно место имаат неговите збирки кои високо се оценети во македонски и меѓународни рамки.

Во организација на ЦСЛУ се издвојуваат  следниве позначајни изложби

  • 1958 година во Љубљана-Јакопчиев Павиљон, изложба на слики
  • 1961 година Скопје- изложба на слики
  • 1967 година Белград–Културен центар, изложба на слики
  • 1969 година Суботица-Ликовни средби, изложба на слики
  • 1975 година Скопје-Центар за култура, изложба на слики
  • 1975 година Скопје-Дом на млади  “25 Мај”, изложба на слики
  • 1976 година Куманово-Уметничка галерија, изложба на слики
  • 1976 година Штип-Уметничка галерија, изложба на слики
  • 1976 година Струмица-Работнички универзитет, изложба на слики
  • 1977 година Копар – галерија Медуза, изложба на слики
  • 1981 година Белград–Уметнички павиљон Цвјета Зузориќ, изложба на скулптура во  дрво
  • 1982 година Скопје- Музеј на современа уметност, изложба на скулптура во дрво
  • 1991 година Суботица- Ликовни средби, изложба на скултура во мермер, метал и дрво
  • 1993 година Струмица- Уметничка галерија ,изложба на слики
  • 1995 година Скопје- галерија Даут Пашин Амам, изложба на слики
  • 1998 година Скопје-КИЦ изложба на скулптура во мермер, метал, дрво и слики
  • 2000 година Скопје-КИЦ ,изложба на скулптура и слики
  • 2002 година Штип- Уметничка галерија, изложба на скулптура и слики
  • 2004 година Струмица- Уметничка галерија ,изложба на скулптура и слики.
  • 2006 година Скопје, Аеродром (Паркот на музиката)-по вод 11 Октомри, изложба на отворено на скуптури
  • 2007 година Прилеп во ЦК„Марко Цепенков“ – изложба на слики и скулптури по повод 50 години ЦСЛУ
  • 2015 година Прилеп, галерија ЦСЛУ-Прилеп – ретроспективна изложба на слики и скулптури од богатата колекција на ЦСЛУ-Прилеп
  • 2017 година Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“, галерија „Борка Талески“ Ретроспективна изложба „60 години ликовно творештво ЦСЛУ-Прилеп“
  • 2017 година Штип, НУЦК „Ацо Шопов“,  Ретроспективна изложба 60 години ликовно творештво ЦСЛУ-Прилеп

ЦСЛУ е  организатор на повеќе значајни собири меѓу кои ќе одвоиме неколку, Седница на извршен одбор на сојузот на ликовните уметници во Југославија, Основачко собрание на Југословенската заедница на интернационалните колонии и симпозиуми, Седница на Југословенска секција на ликовни критичари  и од поново време Научниот симпозиум на тема Сликарските и Скулпторските колонии во Југоситочна Европа, како и панел дискусијата во 2017 година на тема 60 години ликовно творештво ЦСЛУ-Прилеп, ликовни колонии, предизвици и иднина.

Коментари

Коментари

Реклама