Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во рамките на 1-виот Интернационален стрип фестивал ,,FRAME Prague Comics Art Festival,, кој се одржува во Прага денес и утре во Галеријата ,,Каролиниум,, историско седиште на Универзитетот Чарлс која датира од 14-тиот век, со самостојна изложба на авторски стрип илустрации ќе се престави и прилепскиот визуелен уметник Златко Крстески.

Прилепскиот стрип уметник Крстески изложува во Прага - strip krsteski

Станува збор за избор  дела-цртежи кои ја отсликуваат денешната геополитичка ситуација и меѓурелигискиот дијалог на Балканот, вели Крстески за изборот свои дела со кои се преставува пред љубителите на уметноста од главниот град на Чешка.

Фестивалот опфаќа работилници за возрасни и деца, разговори со локални и меѓународни автори, нови изданија на стрипови и многу други содржини со цел е да се поврзат локалните чешки со меѓународните автори а тие пак да се поврзат со локалната публика, со главен фокус на богатото производство на европски стрипови. За денес е планирана работилница за стрипови со Томаш Самојлик за време на која ќе се учат основите на процесот на креирање на стрипови, а потоа и заедничко учество на учесниците и присутните гости  во креирањето на неколку метри долги стрипови или речиси бесконечна илустрација на овој возбудлив  медиум.

Утре пак на програмата е т.н. Колаж работилница за деца со отпечатоци од книгата ,,Лицето на светот,,   од Тереза  Рицанова со сечење на делови од книгата а потоа и нивно  поврзување но и  дебатирање со авторката за создавање на  креации од учесниците, презентација на издавачката куќа ,,Trystero,, која за чешката и словачката публика ги презентира делата на врвни уметнички стрипови од англо-американско и француско производство, како и предавање на Џет Манро, главен и одговорен уредник во списанието BoekieBoekie на тема:Како да се илустрира  за списание.

Покрај Златко Крстески како преставник на Македонија со неговиот Центар за визуелни уметности ,,Визант,,, на фестивалот со свои дела ќе се престават уште Пеов студио, Свалан Сорблом  и Дендролагус студио од Шведска, Евангелос Андрутсопулос од Грција, Адам Колдвел, Рејчел Смит од Велика Британија, Торбен Хансен од Данска, Џејмс Неш од Холандија, бугарското студио Ко миксер, украинското студио Централа, Ерик Норден од Австрија, Радикал џетсет-студио, Јанта исланд, Тонто студио и Дизајн кајнд студио од Германија, Тереза Ричанова,  Естер Тајрухова,  Сандра Павличкова  и неколку студија од Чешка.

Коментари

Коментари

Реклама