Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

15.12 / Пет
11° 16.12 / Саб
17.12 / Нед
-1° -5°18.12 / Пон
-0° -1°19.12 / Вто
-3°20.12 / Сре
-0° -8°21.12 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Вечерва во киното „Мис Стон“ од 20 часот започнува Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп го реализира во соработка со Германската амбасада. Стартот е со драмата „Чик“, добитник на Баварската филмска награда за 2016 – „Најдобар филм за младинци“, филм за патувањето на младинци, без карта и без компас низ летна дестинација.

 germ film

Во петок на програмата се два филма. Од 18 часот е трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, номиниран за Оскар од неанглиско говорно подрачје, а од 20.00 часот е драмата „Херберт“, режија Томас Штубер.

Во сабота ќе бидат прикажани три филма. Од 16 часот филмот за деца „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, од 18 – „ На иста висина“, филм за младинци, во режија на Јоаким Долхопф, Ефи Голдбрунер и затворањето од 20 часот е со драмата „24 недели“, во режија на Ане Зохра Берахед, добитник на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм. Фестивалот е константа во културниот живот во градот, а преку филмовите се овозможуваат да се ѕирне во животот низ сите негови бесконечни фасети.

Коментари

Коментари

Реклама