Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 10°20.05 / Пон
17° 21.05 / Вто
18° 13°22.05 / Сре
19° 12°23.05 / Чет
16° 10°24.05 / Пет
18° 11°25.05 / Саб
18° 12°26.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска ја освои главната награда за најдобар краткометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал Мекиненса во Шпанија (Mequinensa International Film Festival).

Филмот „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска освои главна награда на фестивал во Шпанија - vlcsnap 2017 01 29 11h11m21s323 702x336

Меѓународното жири на фестивалот го истакна естетскиот квалитет на филмот и успешно изградената атмосфера, што произлегува од самата приказна за младата учителка Велика која се наоѓа во безизлезна ситуација. На фестивалот беа прикажани вкупно 25 филмови од 17 различни земји.

Режисерката Јакимска не можеше лично да ја прими наградата, но на публиката ѝ се обрати со видео порака.

Филмот претходно беше номиниран за најдобар краток филм на престижниот филмски фестивал во Шангај, а беше прикажан и во официјална селекција на филмски фестивали во Јужна Африка, Мароко, Италија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Коментари

Коментари

Реклама