Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

25°

Временска прогноза

25° 22°26.06 / Сре
24° 19°27.06 / Чет
25° 14°28.06 / Пет
20° 13°29.06 / Саб
20° 15°30.06 / Нед
23° 18°01.07 / Пон
27° 20°02.07 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

И годинава шести пат на 24, 25 и 26 август во Прилеп ќе се одржи Интернационалниот џез-викенд на кој учество ќе земат најактуелните џез-музичари од регионот.

Шести пат Интернационален џез-викенд во Прилеп - Plakat 2017 701x991

Фестивалот в четврток во 21 часот, на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе го отвори Биг бендот на Здружението на џез-музичарите на Македонија, а веднаш по нив ќе настапи легендарниот тапанар Круно Левачиќ со својот квартет The Problems.

Претходно, пак, во фоајето на Центарот за култура во 19.30 часот ќе се одржи промоција на цедето „Пет години Prilep Jazz Weekend“.

В петок публиката ќе ужива со концертите на Џон Илија Апелгрин и Мартин Ѓаконовски – Трио, а истата вечер гостува и еден од најхаризматичните ликови на белградскиот хип-хоп бенд „Марчело“!

Фестивалот на 26 август ќе го затворат украинскиот саксофонист Max Kochetov и неговиот квартет, а концерт ќе има и француското Trio Metacronic talking.

Годинава фестивалот нуди и богата оф-програма со промоции, изложби, концерти и перформанси. Изложба на ECM кавер-фотографии на Fotini Potimia aka LAMP, A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф и аудиовизуелен перформанс на Тома Домовски и Дине Донеф.

Сите концерти и перформанси се одржуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на летната сцена или во големата сала.

Коментари

Коментари

Реклама