Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

34°

Временска прогноза

34° 25°23.08 / Пет
30° 21°24.08 / Саб
30° 17°25.08 / Нед
28° 19°26.08 / Пон
28° 17°27.08 / Вто
24° 20°28.08 / Сре
26° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во рамките на Прилепското културно лето од вечерва до 23 јуни, во киното „Мис Стон“ ќе се одржи Францускиот филмски фестивал.

Француски филмски фестивал, од вечерва до 23ти јуни во Прилеп - francusko kino

Посетителите вечерва, по свеченото отворање на кое ќе присуствуваат претставници од Францускиот институт, од 20.00 часот ќе уживаат во комедијата „Маестро“ на Леа Фазер, со Пио Марме и Михаил Лондал.

Анри е млад актер кој сонува да игра во „Брзи и бесни“, но ќе се најде во ситуација да игра во филм на Седрик Ровер, заколнат припадник на авторскиот филм. Условите за снимање воопшто не одговараат на неговите очекувања, но благодарение на шармот на неговата партнерка и благонаклонетоста на режисерот, ќе се појават дотогаш непознати чувства за него. Ровер, пак, вознесен од младоста и имагинацијата на Анри, снимањето на филмот ќе го доживее како неочекуван подарок.

- велат од Францускиот институт.

Во четврток од 20.00 е „Случајот Си.. И“, додека во петок драмата „Три срца“, од Беноа Жако, со Беноа Пелворд, Шарлот Генсбур и Кјара Мастројани.

Француски филмски фестивал, од вечерва до 23ти јуни во Прилеп - francusko kino 02jpg

Ревијата на француски филмови ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира со Амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот институт и Општина Прилеп по повод 10 години од Францускиот филмски фестивал во земјава.

Нова Македонија

Коментари

Коментари

Реклама