Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на синоќешното затворање на истоимениот фестивал, протестираше против одлуките на жирито и во име на актерите од ансамблот, Владимир Ѓорѓијоски кажа дека публиката заслужува многу повеќе од хировите и личните интереси на членовите на жирито.

Додаде и дека се поклонуваат на публиката како единствен меродавен оценувач, со надеж дека нештата во македонскиот театар ќе тргнат на подобро.

Наградата за животно дело на фестивалот му беше доделена на академик Митко Маџунков, кој е претседател на жирито. Членови на жирито се уште Слободан Деспотовски и Братислав Димитров.

Најмногу награди на „Војдан Чернодрински“ собра директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, вклучувајќи ја и наградата на најдобар женска улога во претставата „Трудна приказна“, улога која што сама си ја додели. Жугиќ, која е директорка на Театар Комедија од неговото основање, лани на Фејсбук повика полицијата да пука со гумени куршуми врз демонстрантите на Шарената револуција, а изјави и дека родителите на Тамара се криви за нејзината смрт.

Коментари

Коментари

Реклама