Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

12.12 / Чет
13.12 / Пет
14.12 / Саб
15.12 / Нед
16.12 / Пон
17.12 / Вто
18.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Утре, (7.0.2018), во НУЦК Марко Цепенков - Прилеп, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Анатомија на векот“ на авторот Гоце Наневски.

Изложбата „Анатомија на векот“ на авторот Гоце Наневски ќе биде поставена во Прилеп - pokana anatomija na vekot

Најновиот проект на Гоце Наневски е видеотрилогијата насловена Анатомија на векот. Трите индивидуални видеа имаат концепцискодокументаторски карактер. Аспектот на интервју е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на вистинските говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

Коментари

Коментари

Реклама