Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство, станува збор за убиство и самоубиство.

 policiska lenta1 1

Мажот имал 81 година, а жената е 76-годишната И. Н.

Според јавната обвинителка Маријана Илиеска, случајот е пријавен од минувач кој го забележал телото на М. Н. под балконот од зграда во населбата „Димо Наредникот“.

Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек – изјави Илиеска.

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Кога се случил настанот, брачната двојка била сама во станот на третиот кат во зграда од населбата „Димо Наредникот“. Живееле со синот, снаата и со едно внуче.

Коментари

Коментари

Реклама