Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.07 / Вто
21° 16°18.07 / Сре
23° 16°19.07 / Чет
23° 15°20.07 / Пет
27° 13°21.07 / Саб
31° 17°22.07 / Нед
28° 17°23.07 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Две непознати лица вчера со измама му одзеле 17.000 евра на Ѓ.А. (92) од Прилеп на градскиот плоштад „Александар Македонски“. Откако сфатил дека е измамен околу 13 часот настанот го  пријавил во полициската станица Прилеп.

На прилепчанец со измама му одзеле 17.000 евра - policija 1

Како што информира МВР, лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец.

По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Коментари

Коментари

Реклама