Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Едно лице загина, а четири други се повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта околу 21 часот се случи на магистралниот пат Битола-Демир Хисар. 

Битолчанец загина во сообраќајка, четворица повредени - police lights

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ управуван од 42-годишниот битолчанец С.П. и товарно возило „ТАМ“ кое го управувал 30 годишниот Е.Б. од Битола.

Во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на „мерцедесот“ чија смрт е констатирана во битолската болница, а со повреди се здобиле тројца сопатници од автомобилот и возачот на товарното возило на кои им е укажана лекарска помош во истата болница.

Со тешки повреди, фрактура на черепот се здобил сопатникот Г.Ј. (24), додека со полесни повреди минале исто така сопатниците И.Ј. (41) и А.Р. (21) кое се задржани во болницата на понатамошно лекување, инаку сите од Битола.

Возачот на товарното возило Е.Б. е полесно повреден и по укажаната помош во битолската болница бил пуштен на домашно лекување.

На местото на несреќата увид извршиле екипи од СВР Битола и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Сообраќајот на овој магистрален пат бил во прекин до 23:50 часот односно до завршување на полицискиот увид.

Коментари

Коментари

Реклама