Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

26°

Временска прогноза

26° 18.10 / Сре
18° 19.10 / Чет
17° 20.10 / Пет
17° 21.10 / Саб
23° 22.10 / Нед
17° 11°23.10 / Пон
16° 24.10 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе  кривична пријава за А.М. (60) од Скопје, во кој се сомнева дека фалсификувал документи.

Пет години фалсификувал документи полицијата го откри пед два дена - licni karti 700x470

Според полицијата, тој со ова се авел цели пет години од  2012 до 2017 година.

Полицијата тврди дека  А.М., во  2012 година набавил соодветна опрема за изработување на фалсификувани документи и потоа во периодот од пет години издавал фалсификувани документи на  државјани на Република Македонија, на лица со живеалиште и престојувалиште во странство, како и на странски државјани. За завршената работа тој наплаќал од 1.000 до 6.000 денари.

Полицијата, по пријава на граѓанин, пред два дена извршила претрес во домот на фалификаторот и  пронашла компјутер, преносен компјутер, пластифицирана фолија, бланко пластични картички за изработка на лични карти, возачки дозволи и слично, скенер, печатар, електронски уред за печатење и пластифицирање на лични карти и возачки дозволи, изводи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Управата за водење на матични книги, судски решенија како и пресуди наводно издадени и заверени со потпис и печат од Основен суд Скопје 1 Скопје, потоа документи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Министерство за внатрешни работи, нотарски печати, сертификати, уверенија за завршено образование и други јавни исправи. 

Коментари

Коментари

Реклама