Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

19.02 / Сре
20.02 / Чет
21.02 / Пет
-0°22.02 / Саб
23.02 / Нед
10° 24.02 / Пон
25.02 / Вто

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, дождовите последните 24 часа и наглото топење на снегот предизвикаа поплави на куќи и помошни простории на жителите на шест села во општина Прилеп и општина Долнени.

Во прилепско поплавени куќи и помошни простории во шест населени места - poplava 800x600

Во прилепско последните 24 часа наврнаа 12 литри на метар квадратен и наглото топење на снегот предизвикаа поплави. Поплавени се куќи и помошни простории во три прилепски села: Лагово, Галичани и Ерековци, како и во три населени места во општина Долнени: Белополе, Вранче и Средорек.

Поплавен е и дел од патот Прилеп-Крушево кај месноста „Бегова ливада“ - изјави Влатко Котески од Центарот за управување со кризи во Прилеп.

Како што информира Котески, комисии на двете општини се на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села.

Коментари

Коментари

Реклама