Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Поради лекарска грешка односно несоодветно лекување на искршеница сега 14-годишниот Агуш Салиоски од Прилеп пред 6 години остана без рака. Неутешното семејство покрена судска постапка против д-р Златомир Аризанкоски, началник на ортопедското одделение во прилепската болница, кој после 6 години од почетокот на судскиот процес, е прогласен за виновен за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ во врска со кривичното дело „несовесно лекување болни“.

Условна казна за прилепскиот ортопед поради кој малиот Агуш остана без рака - mkd-118315

Како што соопшти НВО „РОМА СОС“, д-р Аризанкоски направил пропусти во лечењето на малолетникот кога бил примен на критичниот ден на 10 септември 2008 година. Откако состојба на момчето се влошила по 4 дена тоа било испратено на лекување во клиниката во Скопје, каде што за да му се спаси животот, итно му била ампутирана едната рака.

Освен тоа што лекарот е осуден на три месечна условна казна прилепската болница на семејството на Агуш, до крајот на годинава отштета во висина од 2,7 милиони денари.

Но, нема утеха за родителите на Агуш кој поради несовесното лекување остана траен инвалид, и нама да може  сам да се грижи за себе, а се срами и од врсниците кога оди во школо, особено кога треба да пишува и да извршува спортски активности.

Да го родиш здраво, исправно, а да го гледаш цел живот без рака. Зошто не водеа грижа таму? - вели Мазес Салиоска, мајка на Агуш.

Од „РОМА СОС“ потенцираат дека ова не е единствен случај на несоодветен третман на пациенти од ромска националност.

Има два случаја во Битола. Едниот е смрт на родилка под сомнителни околности за време на породување, а другиот смрт на новороденче два дена по неговото раѓање, исто така под сомнителни околности. Четвртиот случај, пак, е во Делчево каде што 63-годишна Ромка при пад на скали се здобила со скршеница, која е несоодветно третирана од ортопедите во болницата во Кочани - вели Тања Тренкоска, правен советник на невладината „РОМА СОС“.

Оваа невладина организација апелира до сите здравствени институции да посветуваат поголемо внимание на пациентите од ромска националност. За да се превенираат во иднина вакви случаи неопходно е здравствените работници правилно да ги третираат граѓаните, припадници на маргинализираните групи.

Невладината „РОМА СОС“ во моментов води уште една судска постапка. Од градската болница по судски пат бара исплата на доживотна рента за малиот Агуш, кој се соочува со последиците на траен инвалидитет.

Утрински Всник

Коментари

Коментари

Реклама