Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

20°

Временска прогноза

20° 26°21.07 / Нед
27° 19°22.07 / Пон
24° 17°23.07 / Вто
24° 17°24.07 / Сре
25° 20°25.07 / Чет
27° 20°26.07 / Пет
28° 21°27.07 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Грабеж на една златара во старата прилепска чаршија кој се случил утрово околу 8.40 часот. Три непознати лица со пиштоли упаднале во златарата, каде во тој момент била само сопственичката и со закани по нејзиниот живот побарале да им го предаде целото злато.

Филмски грабеж во златара во Прилеп - policija 1

Арамиите со чекани или други тврди предмети ги искршиле стаклата од влезната врата и од внатрешните витрини каде се изложувало златото.

Од СВР Битола велат дека криминалците успеале да одземат злато, а притоа на сопственичката на златара и нанеле и телесни повреди. По грабежот се упатиле во непознат правец. Во моментов се превземале мерки за расчистување на настанот и нивно пронаоѓање.

Во шок и неверување сопствениците на златарата денеска не сакаа да дадат изјава.

 - Изјава во камера не сакаа да дадат ниту сопствениците и вработените во соседните дуќани. Ни кажаа само дека во еден момент слушнале кршење на стакло кога отишле да помогнат и да видат што се случува ограбувачите со пиштолите им се заканиле да се вратат назад за да не бидат убиени. Од страв се скријале во дуќаните.

Според дел од изјавите на дуќанџиите арамите не носеле маски или качулки на главата и им се гледале лицата. Додека двајца од ограбувачите биле во златарата третиот стоел надвор од дуќанот чувајќи стража и се заканувал со пиштолот на минувачите и дуќанџиите.

Ова е втор поголем грабеж во Прилеп за само 10-тина дена. На 13-ти овој месец 35 годишен прилепчанец со безбол палка упадна во подружница на „Македонски пошти“ при што кршејќи го шалтерот и заканувајќи се по живот на вработениот одзеде 500 евра. Истиот за брзо време беше откриен и му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Коментари

Коментари

Реклама