Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Поднесено обвинение за лице кое остварило профит преку дејност од здружение.

Обвинение против претседателот на „Маркукуле“ поради нелегално профитирање - sud 1

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен предлог против одговорното лице на Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“ – Прилеп поради сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничениот од септември 2015 до декември 2017 година, како одговорно лице – Претседател, во вршење на неговите овластувања и должности ја искористил својата службена положба и овластување со тоа што за себе и за други противправно прибавил поголема имотна корист. Имено,тој спротивно на член 12 и член 50 став1, 2 и 3 од Законот за Здруженија и фондации, како и спротивно на дејноста за која се регистрирани и целите определени во член 1 од Статутот на здружението, вршел профитабилна дејност.

Осомничениот во наведениот период вршел медиумски услуги во форма на рекламирање на правни лица од стопанска и нестопанска дејност на интернет порталот www.markukule.mk сопственост на Здружението, со што се стекнувал со добивка која не ја употребувал за остварување на целите на Здружението. Остварената добивка ја распределувал за себе и за други лица поврзани со него, така што во вид на хонорари префрлал парични износи на својата трансакциска сметка во вкупен износ од 244.000,00 денари и на трансакциските сметки на уште осум лица во вкупна висина од 1.112.045,00 денари.​

Коментари

Коментари

Реклама