Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, поради постоење основано сомнeние дека сториле кривично дело насилство.

ОЈО: Четири лица под истрага во Прилеп за кривично дело насилство - javno obvinitelstvo

Лицата се осомничени дека на 3 ноември годинава во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени.

Од Јавното обвинителство во денешното соопштение информираат дека по претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал останатите осомничени и со патничко моторно возило марка „Лада” започнале да ги бараат оштетените низ градот.

Откако ги пронашле, како што се наведува во соопштението, се симнале од возилото и се упатиле кон оштетените. Тројца од осомничените во рацете држеле дрва со должина од еден метар, додека еден во рацете имал нож со должина од 30 сантиметри. Сите четворица започнале да ги удираат оштетените лица по главата и телото. Притоа на едниот оштетен му нанеле животно загрозувачки повреди како последица на кои тој е неконтактибилен и се одржува во живот со помош на апарати, додека на второто нападнато лице му нанеле телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото. Со ваквите дејства осомничените во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со оглед на тоа што надлежниот обвинител процени дека за тројца од осомничените постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка и ќе влијаат врз сведоците, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп беше доставен и Предлог за определување мерка притвор за овие лица, се наведува во доопштението од Обвинителството.

Коментари

Коментари

Реклама