Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -7°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Во Скопје 10 сообраќајни незгоди, три лица повредени - mvr

Педесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и еден возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за не користење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и 31 пешак кои поминале вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 31 возач, од кои осум кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување и седум возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 14 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 87 возила непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.

Коментари

Коментари

Реклама