Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

11°23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
18° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
18° 10°28.10 / Нед
17° 12°29.10 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Прилепското обвинителството поднесе обвинение против педофилот кој нападна дете во кругот на прилепската болница, информираше ОЈО.

Поднесено обвинение за педофил од Прилеп - cuffs

По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител до Основниот суд Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години, велат од ОЈО.

Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.

Коментари

Коментари

Реклама