Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

19°

Временска прогноза

19° 21°19.08 / Пон
28° 20°20.08 / Вто
28° 20°21.08 / Сре
29° 21°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет
30° 20°24.08 / Саб
29° 19°25.08 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Александар Цветкоски

  • Бесните пци на Кајафа - колумна на Александар Цветкоски

    Голгота! Тоа Македонија помина. Веќе заборавивме? Бесните пци на Кајафа тоа ни го сместија.
    Дали навистина заборавивме дека шепотевме, гледајќи лево – десно, некој да не чуе и пренесе? Толку ли сме комотни да заборавиме, како го носевме крстот по тесните улички на изгнасеното судство, кое не пропушта прилика да го покаже своето акрепско, лепрозно лице. И сега дури! Еве го со Грујовски и Бошковски, пред него со Кочан, пред него со Војо „непристрасниот“, пред него со стотици други Ана и Кајафи, Јуди и Пилати.

    Повеќе...

  • Ние сме тие, на кои родителите не предупредуваа - колумна на Александар Цветкоски

     Колку сакаат нека се фалат Америкаците, НАТО, ЦИА и останати „задолжени за светот“ дека тие ја уништиле Југославија. Немаат шанси со нас. Ние си ја уништивме. Еве, до сега успешно ни одеше и со уништувањето на Македонија, но овој Заев сака да ја зафркне работата. Кутрите тие обавештајци, со сите пари на светот, едвај не зачуваа во живот и да не се испоколеме меѓу себе. Нам не ни се потребни ниту Албанците. Имаме ние братоубиствено - криминални причини и без нив. Не се тоа некакви идеолошки причини, туку простотилакот.

    Повеќе...

  • Вмровски морал: крадел оти морал - колумна на Александар Цветкоски

    Зврле куртули, за сега. Братислав и Јелена – не. Едната си ги зеде „пластичните“, а вториот заборавноста дека некогаш и тој беше човек и како „праведници од јавна куќа“, си заминаа. Ќе ве паметиме како мали и небитни луѓе. До невидување, освен, ако идниот обвинител не одлучи поинаку.

    Повеќе...

  • Нема повеќе сиромаштија - колумна на Александар Цветкоски

    Бизнис му е мајката, ама не како што кажува Анѓушев или Витанов. Формулата ја добивме лично од Грујо. Не, не мислеше на нови скулптури, стиропор и панорамски тркала. 

    Повеќе...

  • Илија наречен Жаклина - колумна на Александар Цветкоски

    Од сигурни, но не најсигурни извори, дознаваме дека вемереовците чекале потврди од психијатри и психолози дека имаат шизофренија – кој подвоена, кој тројна, кој мултиплицирана личност (така се викаше?). Заради што? Можеби за да формираат 40 пратенички групи, а можеби е тоа вистинската состојба на вемерето.

    Повеќе...

  • Курири - Карабдалици - колумна на Александар Цветковски

    Карабдалиците беа претходнички на Фејсбукот. Припрости, средновечни, невработени жени, се декларираа како „домаќинки“, за да направат дистинкција од „вработените“, кои „не биле за машала“ - од морална гледна точка.

    Повеќе...

  • Колку што вемерето разбра, толку Анѓушев греши - колумна на Александар Цветкоски

    Токму така. Реалниот сектор бара реални фирми, а не перачи на вемерето и „странски ивестиции“ со наши пари. Тие вработиле 20.000 народ? Нека ми ги даде мене вемерето истите пари, како на странските инвеститори, јас ќе вработам 40.000 и никој од нив нема да мора да оди на работа, односно, нема да има ниту фирми. Владата ќе даде, ќе поделам плати за седење дома, а рестото ќе го ставам в’џеб – исто како и сега, со таа разлика што работниците одат на работа, а фабриките работат, но за чија корист, не се знае. Вистината е таква: има влез (увоз) има излез (извоз), БДП – то се „помпа“, а ништо во буџетот не останува (влегува без давачки, излегува без давачки).

    Повеќе...

  • Монтирана здравствена конструкција - колумна на Александар Цветкоски

    Уште еднаш вемерето покажа дека е конструктивна опозиција. На Заев му смислија нова конструкција за подметнување. Како што излегува, Заев ништо друго не мора да работи, туку само да го слуша вемерето и далеку ќе стаса.

    Повеќе...

  • Заев ќе не умре од досада - колумна на Александар Цветкоски

    Да драги граѓани. Досадата се враќа во нашите животи. Нема повеќе „ало началниче“, гаќи од 500 евра, дебилните изјави на Тодоров, правдањата на Грујо како дете што турнало саксија, мрсулавењето на нашето знаме од Вангели...

    Повеќе...

  • Невина сум, жими децата - колумна на Александар Цветкоски

    Тантуровски го покажа оделото. Тоа изгледаше скапо, а тој евтин. Како ли го купил после донациите кон партијата, која го постави за тој да алармира на лоповлукот од партијата? 

    Ние обичните граѓани не се збунуваме толку лесно на такви „појави“. Не сме ние од вчера. Нас обичните не може да не збуни ниту глупавиот наслов на „Државна комисијата за спречување корупција“. Ем „државна“, ем се бори против корупцијата на властите. Нас може да не збуни како тој и неговото скапо одело си поминаа толку лесно на дебатата?

    Повеќе...

  • Македонија под моминско име - колумна на Александар Цветкоски

    Експертите досега не помогнаа. Ви треба незналица за прашањето за името? Тој сум. Македонија ќе го употребува моминското име: Бивша! Јас врска немам од меѓународна политика и геостратегија, само паметам што сум чул. Видов... Димитров беше убаво облечен. Кажа дека Македонија има нов лик, дека сака да се реши прашањето со името со „јужниот сосед“, може да влеземе во НАТО, па во ЕУ со сегашното „привремено“ моминско име и дека ништо друго не може да каже, оти ќе било штетно за „процесот“ (да не е малку трудна оваа момава?). Коѕијас беше исто така убаво облечен, додуша, не толку згоден колку Димитров, за „процесот“ не кажа ништо и рече дека му сметаат скулптурите на „северниот сосед“, тоа што крадеме грчка историја и дека убаво би било да се реши прашањето со името, но и не мора. Ако има ново име, тоа да било „сложено“, со географска одредница. Тој имаше спасоносен предлог да одиме во ОН, таму „да се договориме“ за „сложено име за севкупна употреба“, со кое Грција би била задоволна, па така, откако ќе го изгубиме она што веќе сме го добиле на планетарно ниво, да одиме да се зачленуваме во ЕУ и НАТО.

    Повеќе...

  • Биди оптимист премиере, полошо е! - колумна на Александар Цветкоски

    Реинституционализација!!! Тежок збор за уште потешка работа. 
    „Заробени институции“? Не, не. Тоа е деминутив. Полошо е.

    Што е правено со институциите не можете да замислите. Сите ние мислиме дека знаеме, но го гледаме само врвот на сантата мраз. Заев ги слушна разговорите, па повеќе знае од нас, но ниту тој нема детален увид какви недела, какви фантастични „гимнастики“ вемерето има направен со нашите институции.

    Повеќе...

  • Колумна на Александар Цветкоски: Бугарската војска со 190 на саат влезе на Кајмакчалан

     Верувајте, точно е, Миленко ги сними. Сето започна тоа утро кога Тодоров „во дел од секундата“ се спаси од „пластичните“. Веројатно Тодоров во последен миг се сети на експертката за „пластични“, а можеби и „гумени“ - Јелена Жугиќ.

    Повеќе...

  • Колумна на Александар Цветкоски: Без сведоци

    Мафијата настанала во единаесетти век. Тоа го проучувам. Затоа, ова е совет до оние, кои нашата трагедија ја разбираат како меѓупартиска борба. Кој ја нема мувата на капата – нека не чита, кој ја има, а има и памет - нека помисли, кој што нема избор, нека прави што мора. 

    Повеќе...

  • Колумна на Александар Цветкоски: Чудесна е оваа Македонија

    Сега, кога „народот“ „си го врати“ „Собранието“ и „нѐ одбрани сите нас“ од „превратот“, веќе нема место за наводници во реченицава. Сепак, без наводници, таа не би имала никаков смисол. Не? 

    Повеќе...

  • Расцеп - колумна на Александар Цветкоски

    Депресијата и анксиозноста не ја лечевме, а знаевме дека ќе премине во нешто посериозно, но ние сме Македонци и не лечиме додека „не дојде коса до рамена“. Зарем не знаевте? Македонците „се снаоѓаат“ – такви сме и точка. Глума? Лудило? А зар има разлика?

    Повеќе...

  • Колумна на Александар Цветкоски: Фантомот во бело порше

    Бело Порше, со вратоломна брзина вози низ Белград во ноќните часови, пркосејќи и на полицијата. Секоја ноќ прво сообраќањата, а потоа цела полиција сака да го уапси, прави блокади, потери, истрага, но без успех.

    Повеќе...

Реклама