Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Студиото за hi-low aerobik, Body Combat и Body&Mind Pilates ( 40+), HI-LOW aerobic продолжува со работа на нова локација во Прилеп. 

За добрата кондиција на вашето здравје и тело ќе се погрижи професорката по Физичко образование, спорт и здравје Ангела Ѓелинческа, која е веќе 7 години инструкторка по аеробик, пилатес, фитнес инструктор и персонален тренер, а исто така и фитнес шампион на Р.Македонија 2016/2017 и во Топ 5 на Балканскиот бофибилдинг и фитнес натпревар.

Македонската шампионка во фитенс Ангела Гелинческа отвори аеробик и пилатес студио во Прилеп - angela gelincheska
Ангела Гелинческа

Тренинзи кои ќе се одржуваат во BodyLab : hi-low aerobik, Body Combat и Body&Mind Pilates ( 40+) HI-LOW aerobic е одличен начин за намалување или регулирање на телесната тежина.

Тренингот се состои лесни кореографии и вежби од висок и низок интензитет комбинирани кои се совршени за горење калории и тонирање на телото.

Термини:

Вторник, Четврток и Петок 19ч

Месечна членарина : 700 денари

Cо BODYCOMBAT бидете фит секој период од годината, и согорувате до 700 калории .

Македонската шампионка во фитенс Ангела Гелинческа отвори аеробик и пилатес студио во Прилеп - angela ruseska

Овие високо-енергетски тренинзи се инспирирани од боречки вештини и се целосно бесконтактни и нема сложни потези за совладување, а тоа ќе ве предизвика да го зголемите интензитетот за да извлечете максимум од секој круг.

Термини:

Понеделник, Среда 19:30 и Четврток 20ч

Месечна членарина: 700 денари

Вody&Mind Пилатес вежбите се насочени кон стабилизирање на работата на срцето, со нагласување на исправеното држење и правилното дишење.

Пилатесот се практикува лежерно и особено добар за лица со послаби зглобови и претходни повреди. Најголемиот дел од пилатес вежбите за подвижност на зглобовите, зајакнување на мускулите и срцето, ги олеснува болите во грбот, како и правилното дишење, можат да се изведат вежбајќи на сите нивоа на физичката кондиција.

Термини:

Понеделник, Среда и Петок 20:30ч.

Месечна членарина: 600 денари

Тренинзите се одржуваат на : Ул. " Васко Карангелески вр 74 " - Прилеп ( во близина на маркетот Ирнекс )

Контакт: bodylabprilep@gmail.com Angelainstruktor@gmail.com Fb: BodyLab

Македонската шампионка во фитенс Ангела Гелинческа отвори аеробик и пилатес студио во Прилеп - meme

Коментари

Коментари

Реклама