Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 22.10 / Пон
10° 23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
19° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
19° 13°28.10 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Неодамна, почна да работи интернет страницата денови.мк, првиот македонски православен календар на интернет. Ги содржи житијата и иконите на светителот на денот, или опис на празникот кој се празнува, за секој ден во годината.

Прв мултифункционален онлајн православен календар во Македонија - denovimk

Притоа, не се работи само за празниците со фиксен датум, туку и празниците со променлив датум во годината (како на пример Велигден и празниците поврзани со него).

Вакви сајтови постојат на руски и грчки јазик, а сега првпат и на македонски. 

Уникатно за денови.мк е тоа што не е ограничен само за тековната година, туку нема временско ограничување, па можат да се видат деновите и месеците кои поминале, и оние кои ќе дојдат. За сите денови е означено и правилото на постот, како што го предвидува Православната Црква.

Имиња

Прв мултифункционален онлајн православен календар во Македонија - denovimk iminja

Освен ова, денови.мк содржи и список на православни имиња кои се користат во Македонија – мошне полезно и прегледно за оние кои сакаат да одберат православно име за своето дете.

За секое од овие имиња дадени се опис и толкување на значењето и потеклото на името.

Имињата се поврзани со светителите од календарот, па посетителите на оваа страница можат да видат и кога им е именден, и да научат повеќе за светителот кој претставува нивни небесен покровител.

Испрати честитка за именден

Уште една уникатна карактеристика на денови.мк е можноста да се испрати честитка за именден. Па така, посетителите на сајтот, со дизајнирана честитка со иконата на светителот-заштитник можат да им го честитаат именденот на своите роднини, пријатели и блиски луѓе.

Поуки

Дел од содржината на овој сајт се и кратките поуки од светите отци на Православната Црква, како и информативни и поучни текстови на основни теми од православната вера, како што се прашањето за постот или славењето на именденот.

Конечно, денови.мк ги користи и социјалните мрежи, па доколку се поврзете на фејсбук и твитер, во вашата дневна лента на новости ќе добивате известувања за празникот кој Православната Црква го празнува во тековниот ден.

Коментари

Коментари

Реклама