Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Постои некој кој не го знае автомобилот Волксваген Буба? Дури и модерната верзија на овој модел најчесто нé потсетува на живи бои и младешка слобода.

Дали знаевте дека култниот „Буба“ автомобил е резултат на воената пропаганда на Хитлер? - Dali znaevte deka kultnata Buba e rezultat na voenata propaganda na Hitler 05

Бубата претставувала симбол на хипи-движењето, а и новите модели најчесто ги возат млади луѓе со уметничка душа. Но, зачетоците на овој дизајн се всушност резултат на воена пропаганда.

Идејата за Волксваген (народна кола) се јавува како пропагандна алатка на Третиот Рајх, односно под надзор на Адолф Хитлер.

Тој му нарачал на дизајнерот Фердинанд Порше прототип за автомобил наменет за „типичното“ ариевско семејство. Автомобилот требало да собира двајца родители и три деца, да троши помалку од 7 литри на 100 километри и да достигне брзина од 100 километри на час.

Меѓутоа многумина веруваат дека оригиналниот дизајн за легендарната „Буба“ е дело на инженерот со еврејско потекло, Јозеф Ганц. Прототипот на Ганц бил наречен „мајски бумбар“ и требало да биде произведуван во чешката фабрика за автомобили Татра.

Порше јавно признал дека го копирал дизајнот, но во меѓувреме Ганц бил уапсен од Гестапо, а Татра морала да ја отфрли тужбата по инвазијата на Германија во Чешкословачка.Првите модели биле произведени во 1939 година и биле автомобили за елитата и покрај тоа што првобитно било замислено да чинат колку еден мотоцикл. Сепак, војната си го земала својот данок и при бомбардирањето настрадала и фабриката.

За среќа британскиот мајор Иван Хирст сметал дека Волксвагенот ветува како идеја за автомобил и веќе во 1946 се произведувале по 1000 волксвагени месечно.Првите „Буба“ модели биле нарекувани Тип 1 и имале 1,1 литарски мотор со воздушно ладење. Автомобилот го добил својот познат прекар „Буба“ токму од германската јавност кои го нарекувале Kafer.

Човекот кој се смета за спасител на бубата е Хајнц Нордоф. Тој во 1949 година бил назначен за одговорен во фабриката на Волксваген и со механизацијата на производната линија во фабриката успеал да стигне до бројка од еден милион произведени автомобили до 1955 година.

Како што растела популарноста, така и „Бубата“ еволуирала, па така во 1960 година се појавува и модел со 1,6 литарски мотор и 60 коњски сили. Моделот достигнува толкава популарност што до 1972 год. биле продадени преку 15 милиони автомобили, а истиот модел се произведува до 1980 година, додека пак во фабриката во Мексико последниот модел се произвел дури во 2003 година.

Коментари

Коментари

Реклама