Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Ако некогаш сте се запрашале колку е стар најстариот организам на нашата планета Земја, одговорот е, верувале или не, 11 илјади години.

Човечкиот животен век како секунда: Ова се видовите со најдолг животен век на Земјата - world 07 temp-1445846531-562dde03-620x348

Просечниот животен век на човекот денес изнесува околу 71,4 години, што е сосема пристојно во споредба со повеќето животни. Сепак, во однос на некои животни, човечкиот животен век изгледа како секунда.

Генерално, најголемиот број од најдолговечните животни живеат во морињата. На пример, сунѓерите, чиј што животен век варира од вид до вид, во просек живеат по илјада години.Но, во едно истражување на магазинот Aging Research Reviews, утврдено е дека сунѓерите од видот Monorhaphis chuni живеат околу, неверојатни 11 илјади години, и веројатно ова е апсолутниот шампион меѓу живиот свет на нашата планета Земја.

Човечкиот животен век како секунда: Ова се видовите со најдолг животен век на Земјата - ameba

Освен сунѓерите, долг животен век имаат и школките кои што во просек живеат и до 500 години, како и рибите од видот „Исландски берикс“ кои што живеат во просек по 175 години.

Човечкиот животен век како секунда: Ова се видовите со најдолг животен век на Земјата - zlatna ripka

Што се однесува до цицачите, најголем број на свеќи на роденденската торта имаат грендландските китови кои што живеат и до 200 години.

Човечкиот животен век како секунда: Ова се видовите со најдолг животен век на Земјата - grbav kit

Клучот за долговечноста кај овие животни е тоа што живеат во екстремно студени животни средини кои што им го забавуваат метаболизмот и со самото тоа го забавуваат нивното стареење.

Човечкиот животен век како секунда: Ова се видовите со најдолг животен век на Земјата - zelka od galapagos

На копно, моментално најстарото животно е 183-годишната алдабрадска гигантска желка која што живее во дворот на гувернерот на островот Света Елена во Западна Африка.

Коментари

Коментари

Реклама