Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Кана Харада е девојче кое живее во кварталот Ширатаки во Хокаидо ( Јапонија ), место со едвај 36 жители. Кана секој ден патува со воз по 35 минути до најблиската гимназија. Необичниот момент, во оваа инаку сосема обична приказна е што таа е единствениот човек од нејзиното место кој патува со тој воз.

Јапонија оддржува железничка станица само поради еден ученик - jap stanica

Јапонија ја одржува железничката станица отворена во Харада вече три години само поради ова девојче. Возот одржува две редовни линии, од станицата на Кана до нејзиното училиште и обратно, до нејзиниот квартал. Пругите се чистат редовно секоја зима, а кога на пролет Кана ќе матурира, железничката станица ќе биде укината.

Јапонија оддржува железничка станица само поради еден ученик - japonija 2

Станицата е изградена од месните жители во 1955 година, за да можат нивните деца да одат на училиште. Но, Кана е последниот ученик, и кога ќе го заврши средното образование, нејзината железничка станица ќе биде укината.

Јапонија оддржува железничка станица само поради еден ученик - japonija 3

Историјата за оддржувањето на железничката станица направи експлозија по социјалните мрежи, и покажа дека има земји во светот каде државата се грижи за секој нејзин жител, колку и да чини тоа.

Коментари

Коментари

Реклама