Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

09.02 / Чет
10.02 / Пет
11.02 / Саб
-3°12.02 / Нед
-5°13.02 / Пон
-6°14.02 / Вто
-5°15.02 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Филмскиот евергрин Trainspoting, со бум го доживеа своето продолжение, а во него е еден од најдобрите филмски говори на сите времиња.

 

Избери живот.
Избери живот беше добронамерен слоган од 1980-те анти-дрога кампања и ние тој слоган го додававме на многу нешта.

Пример, избери... дизајнерска долна облека, залудно надевајќи се да внесеш живот во мртвата врска. Избери чанта, избери чевли со високи потпетици, кашмир и свила, за да почувствуваш каква е моменталната среќа.

Избери iphone направен во Кина од жена која скокнала од прозорец и напикај го во џебот од твојата јакна од Јужно-Азиска огнена стапица. Избери Facebook,Twitter,Snapchat,Instagram и илјадници други начини да се истуриш врз луѓе кои никогаш не си ги запознал.

Одбери да си го апдејтираш профилот, кажи му на светот што имаше за поручек и надевај се дека на некого му е гајле.

Одбери да бараш стари пламени, и очајно да се надеваш дека не изгледаш лошо како нив.Одбери блогирање во живо, од твоето прво мастурбирање до твојот последен здив; човечка интеракција сведена на ништо повеќе од податоци.

Одбери 10 работи што не ги знаеш за славните кои имале операции. Одбери да врескаш за аборутусот. Одбери вицови за силување, срами ги курвите, одмаздничко порно и бескрајна плима на депресивна мизогинија.

Одбери дека 9/11 никогаш не се случи, и ако се случи, тоа беа Евреите. Одбери нула-час договор и двочасовно патување до работа. И одбери го истото за твоите деца,само полошо, и можеби да си кажеш на себеси дека е подобро тие никогаш да не се случеа.

И потоа оптегни се и ублажувај ја болката со непозната доза од непознат лек направен во нечија ебана кујна. Одбери неисполнето ветување и посакувај да го направеше поинаку.

Одбери да не учиш од своите грешки. Одбери да гледаш како историјата се повторува. Одбери го бавното помирување кон тоа што можеш да го добиеш, повеќе од тоа за што си се надевал.

Помири се со помалку и зачувај го храбриот израз на лицето.

Одбери разочарување и одбери да ги изгубиш тие кои ги сакаш, и кога тие ќе исчезнат од видик, еден дел од тебе умира со нив се додека еден ден во иднина ,дел по дел, тие сите ќе заминат и нема да остане ништо од тебе што ќе се нарече живо или мртво.

 

Одбери живот.

(Превод Александар Димески)

Коментари

Коментари

Реклама