Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

31°

Временска прогноза

31° 18°21.08 / Вто
24° 17°22.08 / Сре
25° 15°23.08 / Чет
24° 15°24.08 / Пет
24° 15°25.08 / Саб
25° 17°26.08 / Нед
25° 15°27.08 / Пон

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Роден е во Прилеп на 15 декември 1880 година. Во 1898 година завршува солунска машка гимназија а во 1906 дипломира на катедрата за историја на Софискиот Универзитет.

Данаил Крапчев - Krapchev Danail

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ Солунскаta машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ Софискиот универзитет. Истата година започнал со новинарската активности во неделното списание Следната 1908 година го уредува истовремено весник "Татковина" и весникот "Роднина" во Солун. Во периодот меѓу 1909-1912 го издавал весникот "Вардар" во Софија и последователно го преименувал на други реки "Места", "Струма", "Марица", "Брегалница" за да ја надмине забраната во Турција. Во 1912 година Данаил Крапчев е повторно четник заедно со Јаворов. Истата година го уредувал весникот "Бугарин" во Солун.

По Втората балканска војна е уредник е на органот на бугарската демократската партија "Прјапорец" во Софија. Во периодот меѓу 1915-1918, Данаил Крапчев е воен дописник на весниците "Воени известувања", "Добруџа"и "Прјапорец". Во 1919 година создаал независен информативен весник "Зора", на кој е директор до крајот на својот живот. Во исто време е директор-сопственик на акционерско друштво "Бугарски печат"и "Печат". Член е на Македонски научен институт.

По превратот од 19 мај 1934 година поради своите демократските позиции е протеран во Карлово. На 9 септември 1944 година е уапсен поради политички причини. Починал при неразјаснети околности на 10 септември 1944 година во полициската станица на Горна Џумаја. Посмртно е осуден од Народниот суд со цел да му се конфискува имотот. Во февруари 1994 година Врховниот суд на Република Бугарија ја укинала пресудата

(Повеќе за Данаил Крапчев можете да најдете на овие линкови)

Коментари

Коментари

Реклама