Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 22.10 / Пон
10° 23.10 / Вто
11° 24.10 / Сре
25.10 / Чет
19° 26.10 / Пет
19° 27.10 / Саб
19° 13°28.10 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Роден во Варош, во 1809 г. Работел во црквата “Ст. Благовештение “ и во с. Тополчани. Во неговата куќа (Срушена е 1930 г.) се одвивала световна настава со учителот Аџи Констадин Дингуле и настава по псалтир и веронаука со поп Алекса.

Протоереј Алекса Попов - protoerej-aleksa-popov

Со сопругата Алтана имале две деца: син Јован ( Јон ) и ќерка Ташка. Од синот Јон , кој исто така бил свештеник имал четворица внуци: Ирина, Гога, Дано и Стефка.
Поп Алекса млад останал вдовец како и син му Јон така што самите го одгледувале семејството. Внуците Гога и Дано ги запишува во Солунската гимназија, а внуката Стефка во колеџ во Солун за општа наобразба за девојки. Најстарата внука Ирина , останува дома да се грижи за деда си и татка си.
Во тоа време поп Алекса и син му Јон биле уценувани црковните проповеди да ги држат де на бугарски де на српски јазик. Во 1887 год. поп Алекса отворено и се спротивставува на егзархијата и продолжува да пее на македонски јазик. Неговиот претпоставен, егзархот поп Иконом, иако директно му забранува тој продолжил по старо.
Егзархот Иконом му ја одзема парохијата, која му била единствен извор на приходи а потоа му забранува и да врши секаква црковна служба. Длабоко потресен од напуштѕањето на својата родна црква, како што велел тој, бил прифатен од селаните од Тополчани каде што заедно со селаните подигнува црква каде и денес стои посвета со неговото име.
И синот на поп Алекса демонстративно ја напушта егзархиската црква.
Како историски документ за настојувањето за отворање на Македонско училиште и црква е изјавата потпишана од група граѓани од Прилеп, на чело со свештениците Алекса, Јован (Јон), и Спасе Игуменов, а која е упатена до турските власти на 2 јули 1887 год.со која се бара и заштита од поглаварот на католичката црква – папата. Таа изјава дословно гласи:
“ И з ј а в а “
Ние долупотпишаните од град Прилеп, поданици на Неговото Императорство и Величество, августешиот сулатан Абдул Хамид втори, желаеме да имаме македонско народно училиште. И како ние не сме родом Бугари, затоа не познаваме Црковна општина и нивни училишта. За религиозна заштита го познаваме папата, но без измена на догмите на православната црква.
1887 јули 2-ри
Прилеп 
Внуците на поп Алекса – Гога, Дано и Стефка од Солун заминале на разни страни. Гога по завршувањето на гимназијата отишол во Белград, во Богословската учителска школа. Потоа е испратен во Призрен каде што дипломирал и се враќа да учителствува во Битола.
Стефка во 1904 год. е при крај со школувањето . Но таа се јавува како потикнувач на штрајкот во колеџот против лошата исхрана. Таа го продолжила штрајкот со глад два дена повеќе од нејзините соученички поради што е казнета со укор пред исклучување.
Во исто време во Прилеп 1904 год. Ирина се свршува со Ѓорѓија Сотироски (нивни син е првоборецот Сотка Сотироски – Џигиџик, загинат во НОВ.) Бугарските пропагандисти вршеле притисок врз попот Алекса и син му Јон да се вратат во црквата со бугарско пеење, зошто во спротивно ќе ја раскинат свршувачката. Тие одбиваат, а заканите се зголемуваат со претење за убистви на Ирина. Во 1906 г. на пат за Тополчани попот Јон застанал на половина пат кај чешмата “Камберова” каде редовно го поел својот коњ. Бил пресретнат од платен турски убиец и прострелан во главата. По смрта на татка си, синот Гога по свое барање преместен е од Битола во прилепските села, но не како учител туку како свештено лице. И тој со своите идеи, како опасен за власта отруен е со отров во храната. Умира во 1909 година.
Последниот потомок, Дане, кој во тоа време бил во Солун, известен е од сестра му Стефка да не се враќа во Прилеп да не биде убиен и тој. По таа вест, Дано заминува за Америка. Стефка останува сама со деда си Алекса. Таа учителствува две години во родниот Прилеп а потоа се мажи за Стефан Тасески. Тие го чуваат попот Алекса се до неговата смрт во 1912 година кога имал 103 години.

Коментари

Коментари

Реклама