Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

21°

Временска прогноза

21° 10°20.05 / Пон
17° 21.05 / Вто
18° 13°22.05 / Сре
19° 12°23.05 / Чет
16° 10°24.05 / Пет
18° 11°25.05 / Саб
18° 12°26.05 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Aрхеолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј” го истражуваат археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче.

Според наодите најдена е кралска гробница уникатна во светски рамки, вели доцент доктор Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија, пренесува Курир.

Гробницата има кружен ѕид и таква нема не само на Балканот туку и во светот. Во неа бил погребан, а потоа и кремиран, со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера.Околу гробницата се најдени неколку гробови .

Кралската гробница досега е истражувана неколку пати од 1936 година, но и ограбувана исто толку време.

Според  д-р Виктор Лилчиќ тука бил антички македонски град и според наодите упатува дека е таинствениот главен град на античките македонци-пелагонци.

Градот бил на нивоа, на преку 1.400 метри е месноста Висока. Тоа било стратегиско место со контрола на Пелагонија, а долниот дел кај гробницата живеалиштата на населението. Сигурно бил со преку 20.000 жители, изјави во ноември професор Лилчиќ за Курир.

Археолозите ги презентирале пронајдените предмети – копје – пепознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, ва која се верувало се душите на покојниците.  Тука на истиот локалитет беа најдени штитовите и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Видеото е од периодот кога во гробницата се пронајдоа артефактите.

MKD-news.com

Коментари

Коментари

Реклама