Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

-1°

Временска прогноза

-1° -7°13.12 / Чет
-3° -3°14.12 / Пет
15.12 / Саб
16.12 / Нед
17.12 / Пон
18.12 / Вто
-1°19.12 / Сре

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Има земји во светот каде не постојат основни пишани регулативи за човековите права, но не постои земја каде правно не е решено употребата на тутунот во било која негова форма. Првиот стандард во „Новооткриените земји“ (Америка, нели) бил тутунскиот, а не златниот. Првиот законски акт таму бил законот за тутун, а не Уставот. Првата интернационална трговија се случила во Портмунд и се купувале жени со тутун... Тоа кршливо растение трае и по 400 години....

Тутунот како феномен на апсурдот  - pipe tobacco-web

Тутунот е отров и лек, зиме го фалат, а лете го колнат, смрдливо и растение за парфеми, го убива витаминот „Ц“ во организмот, па земете „Ц“ таблета направена од Руската Махорка... тој е украсно и индустриско растение, тој е пубертетски бунт и најдобра работа, после „онаа работа“, мака и луксуз, забрануван со половина уста, а фален со полн здив, против него се водат кампањи, кои се финансирани од данокот на тутунот...
Луксузниот производ лесно најдува погодна почва во различни земји, било да се со висок, или понизок стандард, и колку и да се трудат властите да спречат нешто што луѓето сакаат да го прават, на крајот мораат да го признаат и (се разбира) ќе го оданочат.

Каков рај за државата! Зборовите како “луксузна стока”, “акцизна стока”, “штетно по здравје“, „ризик за сите“, па и некои пософистицирани како: „смртта демнее“, се во суштина само неколку од триковите на даночењето и не служат да ја намалат употребата на тутунот, туку да ја зголемат цената на тие исти производи. Тоа не води до бизарното стојалиште за тутунот како феномен на апсурдот.

Иако тутунот има потекло од Америка, навиката за пушење растенија датира пред Колумбовото патување. Херодот (484 – 425 п.н.е) ни кажува за големите чадови - продукт на согорување на разни плодови кај племината кои живееле во степите на Источна Европа, од кои овие паѓале во безсознание. Аполодорус оставил спомен за “варварите“ кои употребувале “кипарска трева“ против замор, а Помпониус Пела (40 години п.н.е.) говори за Тракијците кои вдишувајќи чад од согорените треви, паѓале во длабок транс. Германите биле „типчиња и пол“.

Тие фрлале во огинот цели бали со врвови од „некои треви“, па паѓале во длабок сон, за што ни сведочи Плутарх (46 – 120 г.), а за лековитите својства од вдишениот чад од некои треви - Хипокрит (460 – 377 п.н.е) и Гај Плимиј Секундус.
Во далечното минато, секој чад бил богоугоден, заради тоа што тој патува во вистински правец – кон небото. Се разбира, тоа биле жртвите паленици, кои им се принесувале на боговите. Токму тука некаде е сместен и тутунот, кој станува храна за боговите, откако ќе помине низ нашите гради. „Светиот чад“ се вика и најдобрата книга за тутунот од Кабрера Инфанте (господинот е „Нумеро Уно“ Гуру за цигари).

Фросина Цветкоска

Коментари

Коментари

Реклама