Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.06 / Пон
23° 17°18.06 / Вто
23° 17°19.06 / Сре
22° 17°20.06 / Чет
24° 18°21.06 / Пет
26° 20°22.06 / Саб
27° 20°23.06 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Карлин Форст е мултидисциплинарен уметник од САД. Во својата уметност се користи со скуптури, инсталации и перформанси, преку кои го испитува човековото постоење. Дипломирана на одделот за уметност и дизајн и магистер на истата насока.

Добитник на неколку награди и грантови, и избрана да учествува во изложба, која беше претставена во две земји од светот. Во Прилеп е како уметник-гостин во Центарот за современа ликовна уметност.

Странци во Прилеп: Карлин Форст - carlynn2

Дали е ова твојата прва посета на Македонија?

Мојот престој на уметничката колонија во Прилеп ја одбележа мојата втора посета на Македонија. Прво пристигнав во Скопје, каде поминав три недели, работејќи на проект во соработка со повеќе други ументици.

Таму дознав за Центарот за современа ликовна уметност и наскоро после тоа го контактирав менаџерот на колонијата, при што веднаш бев поканета да земам учество во работата на ЦСЛУ.

Како ти се допадна Прилеп и Република Македонија? Кои беа твоите домаќини?

Навистина уживав во призорот на малиот град Прилеп. Доаѓајќи од голем и бучен град како Скопје, прилично ми годеше тивката природа на Прилеп.

Моите домаќини беа Горан и неговата сопруга Јана. Ме угостија со сместување во пријатен хотел, за целото време од мојот престој, и ме почестија со гостопримство во својот дом, кога решив да го продолжам мојот престој во Прилеп за уште неколку дена.

Странци во Прилеп: Карлин Форст - carlynn

Дали предходно знаеше за Прилеп и Р. Македонија?

Пред да разберам за ЦСЛУ, единствената информација која ја имав за Прилеп беше поврзана со оддалеченоста од Охридското езеро. Импресионирана сум од ЦСЛУ и долгата и богата заедничка историја со голем број светски и локални уметници што оваа колонија ја има.

Кои културно-историски знаменитости ги посети за време на твојот престој во Македонија?

За време на мојот престој во Скопје посетив повеќе историски и културни знаменитости, но поради иссилената политичка средина, набрзо изгубив интерес за локалните споменици. Но сепак бев прилично воодушевена од природната средина во која Скопје и Прилеп се наоѓаат.

Планините, реките, целата флора и фауна се апсолутно прекрасни. Мислам дека градските центри би биле многу поинтересни доколку би биле претставени со нивната точна историја, сплотена со убавината од нивното опкружување, и прифатена од јавноста.

Кои беа твоите задачи и активности за време на твојот престој во Македонија?

Мојата задача додека престојував во колонијата, беше единствено да создавам уметност. Ми беше ставено на располагање целото студио со сите потрбни алати и бев поддржана да останам онолку време, колку што е потребно за завршување на моето дело.

Додека пак, моите задачи додека бев во Прилеп, беа комбинација од студиска работа и социјализирање со моите домаќини, локални уметници и познаници.

Исто така поминав повеќе време во изучувањето на македонската култура, учејќи го јазикот и уживајќи во вкусната храна.

Странци во Прилеп: Карлин Форст - carlynn3

Кои се твоите импресии, и за што најмногу ќе раскажуваш кога ќе се вратиш дома?

Мојата најголема импресија од Македонија генерално, и поконкретно Прилеп, е карактерот на луѓето, власта и природната околина. Има некаков вид на сила и издржливост во луѓето од Македонија.

Посебен вид на ресурс е потребен за секојдневното живеење да се направи возможно во таквата економија, која е во постојан грч од актуелната политика. Со ретки исклучоци, луѓето се исклучително топли и гостопримливи.

Вџашена сум од бесрамната корумпираност на владата и од тоа до која мера е продрена во разни државни институции во земјата.

Сметам дека има масовно, неодговорно трошење на парите на граѓаните, како и потполно занемарување на нивната добросостојба. Од она што можев да го видам со свои очи, владата и државната администрација си служат само на себе и жестоко ги казнуваат оние кои не се согласуваат со нивните политики.

Природните убавини на Балканот ми оставија огромни импресии, поготово местата како, Марковите кули, кањонот Матка, и мермерното езеро во близина на Прилеп. Најверојатно нема да имам слично доживување на било кое друго место.

Се надевам на повторна посета во иднина, кога ќе можам да научам повеќе за теренот, и да остварам поголема комуникација со населението.

Коментари

Коментари

Реклама