Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

23°

Временска прогноза

23° 16°17.06 / Пон
23° 17°18.06 / Вто
23° 17°19.06 / Сре
22° 17°20.06 / Чет
24° 18°21.06 / Пет
26° 20°22.06 / Саб
27° 20°23.06 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Марио Шрудел (43) е роден во Гизен (Германија), работикако менаџер на продажба во Ауди и Фолксваген. Чест гостин во Прилеп откако стапува во врска со неговата девојка Андријана Атанасоска од Прилеп, поранешна ракометарка во првата Бундс лига во Германија. Хоби му е спорт и патување по светот.

Странци во Прилеп : Марио Шрудел - mario i andrijana

Прв пат сте во Прилеп? Како ви се допаѓа престојот во Прилеп?

Во последните 7 години сум го посетил Прилеп повеке од 20 пати. Тука во кругот на фамилијата на мојата девојка Андријана, се чуствувавм преубаво. Ние имаме и прекрасни пријатели во Прилеп, за кои вреди тука да се доаѓа. Во Прилеп можам потполно да се исклучам и опуштам од стресниот живот во Германија.

Ја сакам гастрономијата и планинските предели околу Прилеп.

Знаевте ли претходно за Македонија? Кога првпат дознавте за неа?

Да бидам искрен, за Македонија не знаев пред добри 10 години. За Македонија првпат дознав, кога мојата девојка Андријана заигра како ракометарка во 1-та Бундес лига во мојот град.

Кои прилепски знаменитости, локалитети и културно-историски споменици ги имате посетено?

Со задоволство мислам на добрата гастрономија. Рустика, Леоне, Салида, Ла Страда, Македонска Кука, Меџик и Каспер, се добри локали во Прилеп, како и удобното кафе во Арт Кафе и Алфа каде што уживам многу.

Со задоволство посетувам ракометни и фудбалски натпревари, видов добри и талентирани спортисти, но за жал условите за спорт тука не се позитивни. Тука посакувам за следните години подобар развиток и напредок. Исто така ги имам повеќе пати посетено Марковите Кули, од коде погледот кон градот го уживам максимално. Потоа Паркот на непобедените (Могилата), Манастирите Трескавец и Св. Архангел Михаил и участакот во центарот на градот…

Кои се мотивите и причините за вашата посета во Прилеп?

Се разбира во прв поглед фамилијата на Андријана, и нашите добри пријатели, потоа климата и мирниот живот тука, кој во Германија ми недостасува.

Кои се васите впечатоци од Прилеп, и за што најмногу же раскажувате кога ке се вратите во својата земја?

Се разбира имам позитивни и негативни впечатоци. Затоа што почесто доаѓам тука, забележувам дека се повеќе инфраструктурата во градот се развива. Но покрај тоа шокиран сум од тоа што гледам дека многу млади луѓе немаат работа, и не им се овозможува подобра перспектива.

Јас запознав многу интелигентни и вредни луѓе, и посакувам за нив една подобра иднина во Прилеп.

Се на се, сѐ чуствувам супер во Прилеп, и раскажувам во Германија за добрите работи. Веќе неколку мои пријатели од Германија ги донесов тука, на кои градот им се допадна, и во следна прилика повторно ќе го посетат.

Во Средината на август доаѓам со 8 колеги на 3 дена во Прилеп, кои веќе се радуваат да го видат и запознаат градот.

Коментари

Коментари

Реклама