Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

33°

Временска прогноза

33° 25°23.08 / Пет
30° 22°24.08 / Саб
30° 19°25.08 / Нед
28° 18°26.08 / Пон
26° 18°27.08 / Вто
25° 20°28.08 / Сре
27° 19°29.08 / Чет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Можеби не би се вратила да живеам во Прилеп, но секоја слободна прилика би си доаѓала дома, би уживала со моето семејство, би се трудела да бидам поприсутна во животот на моите најблиски.

prendzova E1

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Прилеп ... Градот под Марковите Кули,на Трескавец и Варош, на Могилата на Непобедените борци, на саатот и старата чаршија, градот на Ѓогдере-моето маало, мојот прв дом, моето безгрижно детство, градот на моето училиште Кире Гаврилоски-Јане, на мојата Гимназија Мирче Ацев...Градот на Волкашин и Крали Марко, на Марко Цепенков, на Блаже Конески, на Круме Кепески, на Џумерко, на Влако Стефановски ... мојот град, градот на мојата фамилија, на моите другарки и другари.

Убав е тоа град, но не доволен. Од малечка знаев дека сакам да бидам докторка. Да, децата имаат соништа, и уште од мали знаат што сакаат. Моите родители од секогаш ме подржуваа и беа тука да ми ги исполнат моите соништа, па така се запишав на Медицинскиот факултет во Скопје, живеев блиску, но сепак далеку, пак не бев во мојот Прилеп, не бев блиску до мама и тато, до моите другарки. Но и таму бев среќна.

Ја сакав медицината, учев, се дружев, посетував разни конгреси и семинари за студенти и млади лекари по разноразни европски градови. Можам да Ви кажам дека мене ми се чини како сето тоа време брзо да ми пролета, како да преку ноќ станав лекар.

После дипломирањето се вратив во Прилеп да бидам блиску до луѓето што ги сакам. Исто, преку ноќ се вработив. Лекари по општа пракса во Прилеп беа многу барани, па немав проблем. Бев среќна, во ова тешко време кога луѓето чекаат години и години да се вработат јас прв ден со лиценца во рака и веќе имам работа. Убаво беше.

Но кога си млад и способен, не се задоволуваш како лекар по општа пракса, со плата која не е ни третина од месечните примања што си ги добивал од родителите додека си бил студент.

Прилепчани по светот: Елизабета Пренџова - prendzova E2

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Офталмологија, љубов уште од прва година факултет. Час по физиологија, офталмоскоп во рака ...и ...јас можам да видам очно дно. Мојот асистент воодушевен:„ти ќе бидеш очен лекар“. Среќа, мојот татко уште повеќе од мене беше воодушевен од идеата дека јас ја сакам офталмологијата. Беше тука за мене и без двоумење одлучи дека ќе ме исфинансира приватно таму каде што ќе успеам да се запишам.

Почнавме да се интересираме: ВМА, Белград, Пук.Проф. Др М.Вукосављевиќ- надобар витреоретинален хирург, најсовремена апаратура во областа на офталмохирургијата...Блиску а светско.

Кога нешто силно посакуваш целата вселена ќе се насочи да ти помогне во тоа. Иако самофинансирање, сепак многу млади лекари од поранешна Југославија чекаа за ова место. Доставив мое CV, мои дипломи, сертификати, едукации, имав неколку пар разговори и итервјуа и ете ме денес, дел од тимот на лекари на Пук.Проф.Др М.Вукосављевиќ.

Во меѓу време работам како лиценциран консултант по естетска медицина во една позната ординација. Можам да кажам дека со полна плуќа го живеам животот. Знам што сакам и полека се стремам кон тоа, а Белград сега за сега е градот кој што ми ги нуди тие можности.

Која е твојата последна слика за Прилеп?

И ден денеска кога си доаѓам во Прилеп, таму на Плетвар пред Оревоец срцето почнува забрзано да ми чука, да ме навраќа на сите спомени кои ме врзуваат за овој град...Градот на моето детство на моите другарки на моето семејство... ...Божиќ е, украсено е се...Мојот дом најубав е, мама се потрудила топло да ме пречека, се да биде исто како некогаш, да се осеќам како никогаш да не сум заминала.

Градот ... малку повеќе накитен...„оп! ... никнале пар палми (од стеблата се познаваат дека се палми) горе завиткани во некакви си бели престилки, се гушат, не припаѓаат овде, но не е битно“... продолжуам напред. 

„Аха, нови споменици. Ок, може така треба, што знам?!. И ете ја старата чаршија, тука е и семкарницата, саатот, Каспер, дури и чичкото со пуканките е тука„ добро е - си велам, не е многу сменето. Ја знам и се сеќавам на секоја улица во градот, која тивко во себе ги крие моите спомени и моите среќни денови.

Прилеп е мојот град каде и да одам мене ќе ми биде најубав. И ден денеска имам грутка во грлото, која ме притиска и не ми дава да дишам...таму на Плетвар кога го напуштам мојот дом, мојот град, моето детство, моето се што ме направило да бидам ова што сум денес.

Прилепчани по светот: Елизабета Пренџова - prendzova E3

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Како што сите знаеме моментално условите за работа за здравствените работници во Градската Општа Болница во Прилеп се катастрофални, работните услови се крајно несоодветни, апаратурата - стара. Пациентите се револтирани бидејќи не ја добиваат потребната нега и услуга. Јас како поединец не можам да се изборам со таа работна атмосфера, амбиентот е крајно неповолен, и сметам дека лично не можам да придонесам во некакво осовременување.

За тоа треба апаратура, а следствено на тоа и финансии. Република Македонија како држава треба да застане и одлучно да ја крене болницата на едно достојно рамниште.

А јас, кога ќе се почувствувам способна, безусловно ќе споделам искуства и знаења и ќе се трудам придонесам во осовременувањето на офталмологијата, нарочито на хирургија на катаракта во Прилеп.

Како ја гледаш идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Можеби не би се вратила да живеам во Прилеп, но секоја слободна прилика би си доаѓала дома, би уживала со моето семејство, би се трудела да бидам поприсутна во животот на моите најблиски.

Коментари

Коментари

Реклама