Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во Прилеп и цела Македонија, не се цени иновативноста, желбата за напредок и самостојност. За амбиентот да не зборуваме. Цела Македонија е како едно прваче кое мака мачи 24 години да ја научи азбуката а се труди да составува реченици.

Прилепчани по светот: Даниел Николоски - daniel

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

За се е „крива“ мајка ми. Додека сите други второодделенци си играа надвор, јас мораше неколку денови неделно да одам на приватни часови по Англиски. Еј ама ги мразев. Ми го одземаа моето слободно време.

Упорноста на мајка ми и благодарение на професорката Роза Лашкоска јас многу брзо стекнав голема љубов кон странските јазици. Љубовта продолжи до факултет каде дипломирав на Пловдивскиот Универзитет „Пајсиј Хилендарски“ како професор по одделенска настава и Англиски јазик. Од тука започна борбата за лична реализација во Македонија.

Сфатив дека наместо да бидам дефицитарен кадар, прв и единствен дипломиран професор по одделенска настава и Англиски јазик, „институциите“ ме сметаа за дефектен. Целиот позитивизам, целата енергија, желба за напредок што ја донесов како млад човек беше само мал залак за големата бирократија во Македонија. Бев препознат единствено од една од водечките компании за кафе и производи од кафе во Македонија – Елит Кафе и тоа беше силата која ме оттурна напред.

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Заминувањето во САД беше нешто за што мечтаев во последните две години додека бев во Прилеп. И како што би се рекло- Внимавај што посакуваш, може да стане реалност. Првата година беше многу тешка, но благодарение на неколку добри луѓе- прилепчани во Детроит и Њу Џерси, застанав здраво на земја и почнав да одам.

Секој почеток е тежок, но успеав, преживеав и се надевам да успевам и понатаму. Сеуште не се сметам себе си за реализирана личност. Оваа земја има многу да понуди а јас сум само на почетокот.

Прилепчани по светот: Даниел Николоски - daniel2

Која е твојата последна слика за Прилеп?

Град обвиен во зимски смог, со тежок мирис на чад и замрзнати улици некогаш и по четири месеци. Така беше кога за последен пат си дојдов. Но Прилеп живее во моите спомени. Таму се луѓето кои ги сакам а ги гледам еднаш годишно. Таму се улиците кои тежат од спомени. Таму е целото мое детство.

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

За да се вратиш некаде и да ги пренесеш твоите искуства пред се треба да има некој да те ислуша, некој кој ќе прифати дека има од секого по нешто да научи па и од тебе. Во Прилеп и цела Македонија не се цени иновативноста, желбата за напредок и самостојност. За амбиентот да не зборуваме. Цела Македонија е како едно прваче кое мака мачи 24 години да ја научи азбуката а се труди да составува реченици.

Прилепчани по светот: Даниел Николоски - daniel i darko

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Нажалост таа идеја ја гледам како непостоечка. Не и со сегашната општествено-политичка ситуација. Но секогаш би се вратил за фамилијата, одморот и другарите. За прошетките по Селечка и Маркукуле. За Прочка, Коледе, Божик, Втори мај.....

Коментари

Коментари

Реклама