Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

22°

Временска прогноза

22° 17°17.06 / Пон
23° 17°18.06 / Вто
23° 17°19.06 / Сре
22° 17°20.06 / Чет
24° 18°21.06 / Пет
26° 20°22.06 / Саб
27° 20°23.06 / Нед

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Матилда и Андријана Атанасоски се две сестри прилепчанки кои долги години живеат во Германија, и двете со успешна ракометна кариера зад себе, која започнува во Прилеп, а завршува во Гизен (Германија), како ракометарки во првата Бундес лига. Денес Андријана е дипломиран професор и предава спорт и математика во средно училиште, а Матилда, ги завршува студиите на факултетот за странски јазици, култура и Економија.

Прилепчани по светот: Матилда и Андријана Атанасоски - matilda i andrijana

Која е вашата приказна пред да заминете од Прилеп?

Матилда: Кога заминав од Прилеп за Германија имав 23 години. На 16 години потпишав прв ракометен договор со РК Тут-Ком, а на 18 завршив гимназија, доста успешно. Посветив значително многу внимание на целокупното основно и средно образование. После завршувањето средно училиште, животот ми се состоеше само од една компонента: ракомет (Тут-Ком, Кале-Кичево, Кабран-Кавадарци). Одсекогаш имав амбиции да градам интернационална кариера и да најдам подобар животен пат надвор од Македонија.

Андријана: Завршив основно училиште во “Климент Охридски” и гимназија “Мирце Ацев”. Пред да заминам за Германија на 21 година, и пред да се одлучам за ракомет се занимавав со карате, гимнастика и атлетика. На 14 годишна возраст ,по иницијатива на татко ми ги направив првите ракометни чекори во салата Тутунски Комбинат. Имав среќно и безгрижно детство, кое го поминав со маалското друштво играјќи фудбал, народна , план итн. на нашата улица.

Како го најдовте својот пат за реализација надвор од Македонија?

Матилда: Животното темпо за да го успеам тоа, ми беше јако дисциплинирано. Не постоеше приватен план, а само тренинг и упорност, која на крај се исплаќа. Добив повик за Германија од страна на сестра ми, која веќе беше таму професионална ракометарка. Преку нејзини контакти имав пробен тренинг во Ерфурт, 1-ва Бундес Лига, и на тој начин потпишав договор. Се збогував од фамилијата и пријателите и полетав за Берлин, со цел да го остварам посакуваното.

Андријана: После успешните настапи во дресот на РК Тут-Ком, светското младинско првенство во Охрид 2003 и 20-те настапи за македонската репрезентација со помош на мојот чичко Пепи,, кој долго време живее во Германија, добив понуда од ракометниот клуб „ТВ Маинклар“ (1-ва Бундес лига).

Прилепчани по светот: Матилда и Андријана Атанасоски - matilda i andrijana 2

Која е Вашата последна слика за Прилеп?

Матилда: Кога ќе дојдам сега на посета во Прилеп забележувам голема промена во естетскиот изглед на градот. Многу поубаво изгледа од пред 8 години кога го напуштив. Значи, во секој случај подобрување во инфраструктурата. Од друга страна спортот беше на многу подобро ниво, за разлика од денес. Ракометот и фудбалот го красеа градот. Играјќи ракомет пред преполна сала, со поддршка на нашите верни навиваци “Мајмуни” беше неописиво задоволство.

Андријана: Се надополнувам потполно на мислењето од сестра ми! Исто така не е убаво да се гледа како нашата амбициозна и интелигентна младина нема можности за вработување. Патиштата за подобра иднина за жал, не се во надежен и позитивен правец насочени.

Би се вратиле со позитивни искуства да придонесете во осовременуванјето на Прилеп и дали мислите дека за тоа има поволен амбиент?

Матилда: После долго време во странство, човек се навикнува на животот нов, и е многу тешко повторно да се врати назад, и да почне нова страница. Меѓутоа, кога би можела со седиште од Германија во Прилеп да ги пренесам моите искуства, на било кој начин, со задоволство би го направила тоа. Се разбира кога за тоа би имало поволен амбиент. Со волја, интерес и одговорност би можело да се создаде добра атмосфера за соработка, и на тој начин да се подобри осовременувањето на градот. Мое мислење е дека, градот треба повеќе да ги „искористи” младите луѓе кои се осамостоиле интернационално и го претставуваат името на државата на најдобар начин.

Андријана: Се разбира! Нова земја, нови позитивни искуства и доживувања. Кога би се вратила во Прилеп со задоволство би се ангажирала моите искуства да ги споделам со нашиот вреден народ, кој тоа го заслужува. Со ред и дисциплина, кои ги стекнав во Германија, доверба и упорност би помогнала во осовременувањето на нашиот град Прилеп.

Прилепчани по светот: Матилда и Андријана Атанасоски - matilda i andrijana 3

Како гледате на идејата за вашиот живот во Прилеп во иднина?

Матилда: Во оваа фаза од мојот живот не би можела да се замислам работејќи во Прилеп. Би ми недостасувале многу работи, пред се на културен план. Премногу нови навики стекнав кои ме изградуваат како личност, и е премногу тешко повторно да ги менувам. За жал... Меѓутоа познатата златна изрека: “Никогаш не вели никогаш”, и во овој случај сепак завзема значително место.

Андријана: Да бидам искрена, тешко е да ја замислам идејата за мојот живот во наредно време во Прилеп, кога веке сум во долгогодишна и стабилна врска со мојот партнер Марио Шрудел, и сум тесно поврзана со неговата фамилија. Меѓутоа животот е непредвидлив, и се потпирам на горенаведената златна изрека од сестра ми.

Коментари

Коментари

Реклама