Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Аплицирав за работа во Абу Даби како персонален фитнес тренер во Eastern Mangrovers Hotel и ја добив. Во почетокот животот во Абу Даби го гледав со скепса, се до моментот кога не го доживеав спојот на гламур, луксуз и традиција.

Прилепчани по светот: Никола Јованоски - nikola

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Спортот од секогаш ми бил вродена дарба и љубов, а во еден момент стана мој стил и начин на живот. Eве на кратко како се одвиваше мојата животна приказна и начинот на кој мојата љубов кон спортот, стана и начин на кој денес заработувам. Основата на се е многу труд, љубов, посветеност и напорна работа.

Се започна од хоби, почнав да се едуцирам на тема исхрана и здрав живот од многу рана возраст а нормално тоа резултираше со редовни спортски активности и посета на фитнес центар. Моите во почетокот гледаа со скепса на таа тема, очигледна беше промената во моето тело и на сите дома таа дефиниција им асоцираше на стероиди. Сестра ми, тогашен студент на медицина а сега веќе лекар постојано беше загрижена да не земам стероиди.

И денес ме развеселува моментот кога ќе се сетам за коментарите на баба ми: -ти колку што јадеш месо во еден ден ние го јадеме сите во цела недела. Основна мотивација и насока заради која се роди љубовта кон овој спорт, беа сликите од татко ми кој своевремено вежбал гимнастика, и имаше добра дефиниција на тело, и тоа некако беше мојот првичен мотив. Голема благодарност на мајка ми која несебично ме поддржуваше и секогаш веруваше во мене.

Во тоа време настанаа финансиски проблеми мојата сестра се школуваше и семејниот буџет стана скромен па можам да кажам и сиромашен, требаше да одберам некоја насока со перспектива која би ми носела и заработка. А јас во Македонија подучував луѓе на здрав живот само како хоби, можеби менталитетот не беше во насока дека треба да се дава пари за нутриционистички совети и фитнес тренинг, а уште помалку луѓето имаа перцепција за професија личен фитнес тренер. Го следев моето мото: „Follow your dreams, no matter what people may say. Let them talk all they want, because at the end of the day it's between you and God“, и започнав бизнис, отворив интернет центар со самовработување, која беше навидум сигурна финансиска опција.

Но финансиската немоќ на поголем дел од населението од Прилеп, беше можеби и фатална за мојот бизнис. Бидејќи Нет Поинт (интернет центарот кој го водев практично беше бизнис кој нуди задоволство, кое може да се нарече луксуз во тоа време, за на крај да се случат некои промени за легализација на софтвер и резултат беше непрофитабилност.

И така сватив дека треба да инвестирам во себе, и тоа не во рамките на Прилеп, и дефинитивно решив да го работам и учам она што навистина ме исполнува.

Прилепчани по светот: Никола Јованоски - nik

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Благодарност до мојата сестра Др.Билјана Јованоска која цело време ми викаше: „не биди будалче оди и работи тоа што те исполнува таму каде што се заработува од тоа“.

Беа тоа тешки денови за мене се додека вежбав во фитнес центарот се борев со себе за да донесам одлука што понатаму. Мојот пријател Никола, ми спомна дека има Академија во Лондон, во која постојат курсеви и обуки, кои доколку ги завршиш успешно добиваш светски призната диплома / сертификат за персонален фитнес тренер.

Англискиот ми беше слаба страна одев напоредно во школа за усовршување на јазик, и паралелно на приватни часови. Голема благодарност до Проф. Благица Кузманоска поради која успешно го поминав интервјуто во Белград , и сега нареден предизвик беше да најдам финансии за да се запишам и да уплатам за школувањето.

Голема благодарност до дедо ми Никола кој ми помогнаа да го реализирам комплетно моето заминување, и решавањето на финансиската потешкотија. Едукацијата беше интензивна 11 часа на ден напорна работа и едукација за нутриционизам , спининг јога, пилатес а во исто време и стекнување на вештини за персонале фитнес тренер.

После стекнувањето на повеќе светски признати сертификати, добив работа во Орландо (Флорида) како персонален фитнес тренер. После мојот прв договор од 9 месеци се вратив во Прилеп, едноставно сакав и знаев дека можам повеќе. Мојот драг пријател Дејан замина во Дубаи и така почнав да барам работа во Арапските Емирати.

Аплицирав за работа во Абу Даби како персонален фитнес тренер во Eastern Mangovers хотел и ја добив. Во почетокот животот во Абу Даби го гледав со скепса се до моментот кога не го доживеав спојот на гламур, луксуз и традиција

Случајно дојде еден Локалец, Фаисал, кој работи во владина организација го тренирав околу 2-3 месеци и постигна одлични резултати. Така започна да ме препорачува како многу добар фитнес тренер, и почнав да тренирам многу важни луѓе во Абу Даби, како iHis Excellency Sheik.

Работите тргнаа на добро, Имав прилика да го тренирам генералниот менаџер на Rosewood Hotels L.R беше толку среќен што ми понуди работа да ја менаџирам теретаната во Rosewood Hotel. И така сега работам во во тој хотел со 5 ѕвезди. Нема ништо невозможно, само треба волја!

Прилепчани по светот: Никола Јованоски - nikola abudabi

Која е твојата последна слика за Прилеп?

Во Прилеп сум роден ебаго, едно од најодбрите места за живот во светот доколку имаш пари! Ми недостига саботното кафе, ми недостигаат моите другари, роднини пријатели, скарата е незаменлива, пицата во Леоне...

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Да би се вратил во Прилеп да го инвестирам своето знаење, за општото подигнување на свеста на населението за здравјето, и би организирал Фитнес семинари кои би биле бесплатни. Имам некои замисли кои би ги реализирал

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

No comment

Коментари

Коментари

Реклама