Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

15°

Временска прогноза

15° 18°17.08 / Саб
26° 18°18.08 / Нед
27° 19°19.08 / Пон
28° 21°20.08 / Вто
29° 21°21.08 / Сре
29° 22°22.08 / Чет
30° 23°23.08 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Во овој период, гледајќи ги моите родители, другари, колеги, мислам дека нема поволен амбиент за осовременување и наредок. Но, како што вели Stephen Hawking, се додека има живот, има надеж.

Прилепчани по светот: Мартин Ѓорески - Martin po svetot

Која е твојата приказна пред да заминеш од Прилеп?

Со една реченица би се опишал како “пропаднат фудбалер” кој за среќа паралено со фудбалот беше и одличен ученик. Средношколските денови ги паметам повеќе по фудбалот отколку по прилепската гимназија. Не бев помеѓу најталентираните фудбалери, но сигурно еден од најдисциплинираните и најупорните. Така успеав да бидам во најдобрите, најпрво во фудбалската школа на Тони Наумоски, а потоа и во младиснкиот тим на Победа.

Во моето последно лето во Прилеп, пред да се запишам на факултет, се случуваше во една недела да имам и по десет тренинзи. Бев решен да дадам максимум од себе, па ако имам доволно квалитет, да заиграм за некој клуб надвор од Македонија. Знаев дека тој период е одлучувачки за мене.

Опциите беа: професионален фудбалер кој би студирал факултет само за да добие диплома, или студент на некој од подобрите и поперспективни факултети, при што спортот би станал секундарна амбиција. За среќа (или несреќа) се случи второто.

Иако не постигнав забележителен успех во фудбалот, придобивките од стекнатата спортска дисциплина, упорност и храбост се присутни во моето секојдневие. Рецептот “напорна работа” се покажа успешен и во студии при Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Успеав дa добијам стипендија која владата ја доделува на 125-те најдобри информатичари, а подоцна станав и демонстратор на ФИНКИ. Уште едно одлично искуство во мојот живот бидејќи добив можност да го погледнам факултетот со други очи, различни од оние исплашените, наивни, студентски.

Прилепчани по светот: Мартин Ѓорески - Martin po svetot3

Како го најде својот пат за реализација надвор од Македонија?

Патот надвор од Македонија го најдов благодарение на мојот брат, мојот патоказ, другар, цимер и колега. Тој, после дипломирањето на Факултетот за електротехника и информациски науки (ФЕИТ), се запиша на магистерски, потоа на докторски студии, а сега после докторирањето, веќе е вработен на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана, Словенија.

Благодарение на него и моите добри оцени, сега сум на магистерските студии при институтот, каде покрај студиите работам како студент-истражувач во областа на вештачка интелигенција, поконкретно машинско учење.

Која е твојата последна слика за Прилеп?

Прекрасно уреден центар, ископани околни улици, низок стандард, спорт на незавидно ниво и намачен народ кој доста лесно се манипулира.

Прилепчани по светот: Мартин Ѓорески - martin po svetot2

Би се вратил ли со позитивни искуства да придонесеш во осовременувањето на Прилеп, и дали мислиш дека за тоа има поволен амбиент?

Би се вратил и со позитивни и со негативни искуства. Секако дека би придонесол за осовременувањето на Прилеп, но за да имам со што да придонесам најпрво треба да посветам на моето усовршување во областа на која работам. Во овој период, гледајќи ги моите родители, другари, колеги, мислам дека нема поволен амбиент за осовременување и наредок. Но, како што вели Stephen Hawking, се додека има живот, има надеж.

Како гледаш на идејата за твојот живот во Прилеп во иднина?

Во блиска иднина (три до пет години) најверојатно таа идеја е невозможна бидејќи најпрво сакам да се изградам како човек, личност и специјалист во одредена област, а таа изградба ќе биде поквалитетна доколку е сработена надовр од Македонија каде (засега) постојат многу подобри услови за наука, работа, патување и секако забава. Кога разговарав со родителот на една моја колешка (одлична студентка на магистерски студии надвор од Македонија), во обид да ги намали нашите амбиции за заминување надовр од Македонија рече: “Каменот тежи таму каде што е поставен”. Долго имам размислувано за таа реченица и сакам да верувам дека: “Kаменот ќе тежи многу повеќе кога ќе се врати.”

Коментари

Коментари

Реклама